Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“

„Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жена на неврофизиологот Ранко Рајовиќ, откако тој даде изјава дека родителите по 2 години не треба да ги возат децата, и дека тоа го прават од себични причини, но им штетат на децата.

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-01.jpg

Докторот Ранко Рајовиќ е шеф на катедрата за невронаука на Педагошкиот факултет во Љубљана, а познат е како автор на НТЦ работилниците кои се спроведуваат во голем број училишта во регионот.

Тој често држи предавања и гостува во медиуми, каде што покрај научните, ги презентира и сопствените искуства што ги стекнал како татко на 4 деца.

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-02.jpg

Така, неговата последна изјава наиде на пофалби, но и на голем број критики, затоа што родителите сметаат дека никој не размислува за тоа со што тие се справуваат секојдневно.

Во изјава за српските медиуми тој рече дека родителите често знаат да ја злоупотребуваат количката за деца, па ја користат многу долго, без да водат сметка дека тоа може да му наштети на детето.

„Родителите ја користат количката до втората, па и третата година од животот на детето.

Кога ќе ги прашам зошто го прават тоа, некои ми велат: ‘Па како само две години да ја користиме, кога сме платиле за неа 500-600 евра?’

Потоа ги прашувам, дали навистина им е жал само за парите.

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-04.jpg

Но, не е само тоа, велат дека количката им е од помош.

Тоа значи дека со тоа сакаме себеси да си олесниме.

Ако сме ја купиле најдобрата количка што треба да правиме - да ја користиме до петтата година од животот?

Сте купиле најдобра количка?

Па дајте ја некоја жена што нема, кога вашето дете ќе наполни две години“ – порача тој.

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-07.jpg

Тој вели дека на возраст од 3-4 години неговите деца поминувале и по 10km оддалеченост, а дека тоа не е измачување, туку подготовка за живот.

Некои родители веднаш се сложија со неговото тврдење и велат дека штом им прооделе децата заборавиле на количките, но има и такви што го критикуваат и не се сложуваат со него.

„Ајде сега и ние да заборавиме на превозните средства што ни овозможуваат полесно и побрзо да поминеме некоја оддалеченост, кога имаме потреба за тоа (ако сме уморни или се брзаме).

Едно е да го ограничувате детето во движењето, а друго е да користите помагала повремено кога имате потреба од тоа“;

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-06.jpg

„Сето тоа е супер, моето дете по втората година шеташе до истоштеност, но одењето во супермаркет со двегодишно дете, и носење ќеси и дете во раце...

Значи да сум малку полуда, би возела кукла во количката само да можам да ги ставам ќесите таму“;

„Ништо не е полесно од тоа да ги осудите родителите, без разбирање за нивните маки“;

srpskiot-nevrofiziolog-ranko-rajkovikj-tvrdi-shtom-deteto-napolni-2-godini-zaboravete-na-kolichkata-05.jpg

„Да, да... Нека проба да седи сам со 3 деца и да оди секој ден во продавница со најмалото и да купува и да носи ќеси, па да трча по него по улица.

Детето треба да биде во количка сѐ додека не се научи да се смири, а тоа е некаде по 3,5 години. До крајот на тантрумите“ – велат дел од родителите.

Што мислите вие? Дали количките ги користиме само затоа што ни е жал за парите, или пак затоа што навистина ни го олеснуваат животот? До колку години вие користевте количка за деца?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg