Колку е реалистична серијата Adolescence и како да ги заштите децата од опасна онлајн содржина, според психијатар?
Зборувајте за секс
Докторот вели дека кога детето ќе стигне одредена возраст, важно е да разговарате за секс.
Во спротивно, тоа ќе се едуцира на друго место, како интернетот, и ќе добие погрешни информации и погрешна слика за тоа како изгледаат романтичните врски и сексот.
„Знам дека ова е непријатно и дека можеби ќе се чувствувате како да му ја крадете невиноста на детето.
Но, ако не разговарате, тогаш детето ќе научи од некоја лоша личност на интернет или од порнографија, или од двете. Разговарајте за секс и за тоа што значи врска исполнета со љубов“.
Психологот истакнува дека треба да му објасните на детето што значи да добие дозвола да направи нешто со девојка и дека кога таа ќе му каже „не“, мора да го почитува тоа.
Детето треба да се поврзе со машки член од семејството
Без разлика дали е тоа татко, дедо, чичко, на младите момчиња им треба машка фигура во животот која ќе им помогне во тешкиот период што го претставува адолесценцијата.
Со машки авторитет, детето ќе знае дека има личност која го разбира и личност на која може да ѝ се обрати за своите мисли и грижи кои некогаш можат да бидат и засрамувачки за него.
Јадете заедно
Семејните оброци даваат можност да се поврзете.
Ако често јадете заедно, полесно ќе забележите кога нешто не во ред со детето, а овде ќе можете и да го поттикнете да споделува детали од своето секојдневие, вклучувајќи и грижи.
Според докторот, најдобро е да не дозволувате да се користат телефони на масата.
Не дозволувајте компјутер во детската соба
Докторот смета дека децата не треба да имаат компјутер во својата соба.
„Ова важи и за смартфони и таблети пред спиење. Овие уреди ќе го натераат детето да минува повеќе време во својата соба, настрана од семејството, каде ќе биде изолирано и ранливо.
Компјутерот треба да биде заеднички, за да можете да следите што се случува и што гледа детето.
Ако има лаптоп, тогаш лаптопот треба да стои во дневната или во кујната кога детето треба да заврши други свои обврски“.
Ограничете му го користењето на телефонот
Докторот вели дека е шокиран од тоа колку деца имаат незабранет, неограничен пристап до нивниот смартфон.
„Со ова самите си барате проблем. Ако детето мора да има телефон, дајте му го под услов да можете да го проверувате цело време.
Ниту едно дете не треба да има социјални мрежи пред да наполни 16 години бидејќи ова отвора безброј можности за проблеми.
Да, децата ќе бидат налутени, но вие сте нивни родители, а не нивни пријатели. Ограничете ги апликациите само на оние неопходните.
Водете со пример и самите ограничете го вашето време на телефон“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





