7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес

Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-01.jpg

Светот во којшто живееме е многу поразличен од светот во којшто живееле нашите баби и дедовци.

Па, кога тие биле млади родители со мали деца, важеле потполно други правила за воспитување.

Дел од овие правила се промениле со добра причина, но на некои можеби треба и да се навратиме.

Седум правила од бабите и дедовците што се корисни и за модерните родители:

Децата треба да си играат надвор

Со развојот на технологијата, децата сè поретко си играат надвор и ова е нешто што треба да го промениме.

Играњето надвор им помага на децата да ги развијат моторичките способности, а е добро и за нивното ментално и физичко здравје.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-02.jpg

Децата треба да научат да покажуваат почит

Почитувањето на другите е нешто што се учи дома, и тоа од најрана возраст.

Децата треба да знаат како да им покажат почит на родителите, бабите и дедовците, наставниците, другите деца…

Дури и кога се во конфликт, важно е да покажат почит додека ја искажуваат својата страна.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-03.jpg

Семејствата треба да јадат заедно

Со натрупани распореди на родителите, јасно е зошто семејниот ручек често се изостава.

Ако не сте во можност секој ден да имате барем еден семеен оброк, потрудете се да го правите тоа еднаш неделно.

Со јадењето заедно, членовите на семејството се зближуваат, ја подобруваат комуникацијата меѓу себе и со тоа стануваат посреќни.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-04.jpg

Во ред е понекогаш на децата да им биде здодевно

Нема ништо лошо во тоа да му се дозволи на детето да му биде здодевно.

Всушност, и експертите сметаат дека здодевноста има позитивно влијание врз детскиот развој.

Кога на децата им е здодевно, тие мораат да ја искористат својата креативност за да си најдат некаква занимација.

Ова, пак, ќе ги поттикнува да истражуваат, да бараат нови хобија и слично.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-05.jpg

Децата треба да учат од своите грешки

Неуспесите и грешките се мошне важен дел од животот бидејќи ни овозможуваат да научиме некаква лекција.

Ако детето направи грешка, родителите не треба да трчаат да ја поправат за него, туку треба да му дозволат да ги сноси последиците, но и да научи лекција.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-06.jpg

Родителите треба да најдат време еден за друг

Поради многуте обврски околу децата и домот, родителот неретко забораваат на нивната врска.

Но, среќата на родителите и нивниот добар меѓусебен однос е клучен за среќата на целото семејство, особено онаа на децата.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-08.jpg

Децата не треба да бидат преоптоварени со многу обврски

Училиште, па час по англиски, па фудбал, па домашна…

Разбирливо е зошто некои родители се амбициозни и ги тераат своите деца да одат на многу вонучилишни активности.

Но, на децата треба да им се дозволи да бидат деца.

Важно е да имаат слободно време и да не бидат изложени на непотребен стрес уште од најрана возраст.

8-pravila-za-vospituvanje-od-nashite-babi-i-dedovci-shto-treba-da-se-primenuvaat-i-denes-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg