8 начини да развиете емпатија кај децата (и да спречите нарцисоидно однесување), низ илустрации
Многу е лесно да препознаете кога некоја личност е нарцисоидна. Но, што ако овие знаци ги забележите кај своето дете?
Ако сфатите дека вашето дете се претвора во „нарцис“, дали треба да реагирате и што да направите за да го смените однесувањето и да му помогнете да развие емпатија кон другите?
Како ќе препознаете дали детето е нарцисоидно?
Нарцисистичкото однесување и самопочитта се две различни работи. Луѓето кои веруваат во себе и кои се ценат самите себеси не се ставаат секогаш на прво место.
Затоа, ова е првата работа што треба да му ја вкорените на своето дете - да се почитува себеси, да не дозволи да го „газат“, но да им помага на другите.
И не грижете се ако вашето дете на 3 години покажува нарцисоидно однесување. Тоа се развива и ќе се менува. Ваше, како родител, е да го насочите во вистинскиот правец.
Па, како да развиете емпатија кај детето?
Совет бр. 1: Уште од најрана возраст учете ги да помагаат
Нека почнат да сочувствуваат со другите, да бидат позитивен пример за околината.
Совет бр. 2: Најдете нешто што вашето дете ќе сака да го прави со уживање
А потоа помогнете му да развие некое хоби и таа своја страст да ја сподели со децата на негова возраст, но и да запознае деца кои ќе му станат пријатели.
Совет бр. 3: Помогнете му да развие чувство на одговорност
Нарцисоидните деца не преземаат одговорност за своите постапки, ниту, пак, се грижат за последиците.
Но, ако им помогнете на децата да научат од своите грешки, ќе им помогнете да бидат свесни за одговорноста што треба да ја преземат во иднина.
Совет бр. 4: Држете ги фокусирани и предизвикувајте ги интелектуално
Нарцисоидните деца веруваат дека се подобри од другите и сакаат да им го покажат тоа. За да спречите вакво однесување, предизвикувајте ги децата интелектуално, за да се свесни дека не знаат сè.
Совет бр. 5: Бидете сигурни дека другиот родител не е нарцисоидна личност
Ако еден од родителите е нарцисоиден, голема е веројатноста дека детето ќе прифати дел од таквото однесување како нормално и ќе го имитира.
Како резултат на тоа, овие нарцисоидни карактеристики ќе ги задржи и како што ќе расте и созрева, и наместо со емпатија, во многу ситуации ќе реагира со потсмев, надмено и лошо.
Совет бр. 6: Внимателно избирајте ги комплиментите
Децата сакаат да добијат пофалби од родителите, да знаат дека направиле нешто добро.
Но, постои голема разлика помеѓу тоа да го пофалите детето за добро завршената работа и постојано да му велите дека е најпаметно.
Совет бр. 7: Секогаш поставувајте граници
Родителите треба да постават граници, без притоа да ја кратат слободата на своите деца.
Совет бр. 8: Не ги споредувајте децата со други
Нарцисоидните личности имаат потреба да се чувствуваат супериорни.
Затоа, децата треба да научат дека нивната вредност произлегува од нивните напори, а не од успехот или неуспехот на другите - не ги споредувајте со никого!
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





