10 докази дека секоја генерација има свој уникатен шарм и вредности, низ илустрации

Нашите родители се гордеат што цел живот работеле во иста компанија - денес таква лојалност скоро и да не постои. Колку се разликуваат генерациите од пред 40 години со овие денес? И кој е шармот на секоја генерација?

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-01.jpg

Секоја генерација има нешто посебно што ја дефинира, а се разликува од работите што се типични за другите генерации.

Низ годините се менуваат обичаите, навиките, желбите, реакциите и сите тие оставаат сопствен печат на светот.

Колку се сменети генерациите и како реагираат различни генерации во иста ситуација?

Развој на детето

Децата денес од раѓање имаат когнитивни коцки и картички, учат да распознаваат предмети и форми уште пред да проодат, а да пишуваат веднаш штом ќе прозборат.

Пред само 30-40 години, азбуката се учеше во градинка, а децата позајмуваа книги од библиотека и сами решаваа кои книги ќе ги читаат.

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-02.jpg

Секојдевен живот

Во минатото жените беа исцрпени - одеа на работа, готвеа, чистеа, переа, се грижеа за семејството - стануваа први, а си легнуваа последни.

И денес е слично, но никој нема да ѝ замери на мајката ако купи торта наместо да ја направи, бидејќи нема време, или ако чистењето го одложи за неколку дена, а наместо да му „робува“ на домот, си даде оддишка и се одмори.

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-11.jpg

Пријателство

Децата пред 40 години од под прозорец на цел глас си ги викаа другарчињата да излезат за да си играат надвор - криенка, народна, ластик...

Денешните деца имаат телефони и социјални мрежи, бројат лајкови наместо часови поминати надвор со другарчињата.

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-07_copy.jpg

Сопствен дом

Кога нашите родители беа млади, можеа да си купат стан со помош на поволностите што ги добиваа од компаниите во коишто работеа.

Денес, тоа го прават со земање кредит од банка, но со многу долг рок на отплата и високи камати.

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-04.jpg

Женска среќа

За девојките од претходните генерации било многу важно да се омажат во раните 20-ти, инаку сите ќе сметаат дека се „стари моми“.

Денес има жени кои ни на 50 години не помислуваат на брак, туку градат кариера, патуваат, самите си купуваат автомобили и станови.

Во модерното време понудата за добра работа се цени како понудата за брак пред 40 години.

10-dokazi-deka-sekoja-generacija-ima-svoj-unikaten-sharm-i-vrednosti-niz-ilustracii-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg