„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“

„На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансиските трошоци – бензин, храна, влезници за зоолошка… Па, им реков на ќерките дека треба да ми плаќаат кога сакаат да им ги гледам децата“.

naplakjam-za-da-se-grizham-za-vnucite-zarabotiv-25-000-evra-no-kjerka-mi-misli-deka-sum-sebichna-01.jpg

Изминатава деценија се грижев моите внуци за нивните мајки да можат да одат на работа и бев достапна секогаш кога требав.

Имам пет деца – ќерки на возраст од 39, 34 и 31 година и два сина на возраст од 32 до 26 години.

Од ќерките имам седум внуци, на возраст од осум месеци до 14 години.

Јас не сум баба која само ќе ги седне децата пред телевизор.

Како пензионирана наставничка, сметам дека грижата за децата треба да се сфати сериозно.

Ги учев внуците како да користат тоалет, како да одат, прочитав безброј приказни и секогаш имав време да си играм со нив.

naplakjam-za-da-se-grizham-za-vnucite-zarabotiv-25-000-evra-no-kjerka-mi-misli-deka-sum-sebichna-02.jpg

На моја возраст, 65 години, ова е веќе заморно. Но, има и финансиски трошоци – бензин, храната што им ја купувам, влезници за зоолошка и слично. И, се насобира голема сума.

Па, затоа почнав да им наплаќам на ќерките за да се грижам за нивните деца – 15 евра за половина ден, 30 евра за целодневна грижа.

Па, со ова, во текот на една деценија заработив 25.000 евра.

Ова можеби звучи како многу, но не пробувам да заработам на грбот на моите деца – многу често парите што ми ги даваат едвај ги покриваат трошоците.

Без сомнение се смета за табу да им побараш пари на своите деца за да се грижиш за внуците.

Иако неколку пријателки ми аплаудираат за смелоста, знам дека има други кои го презираат тоа што не сакам да минувам време со внуците бесплатно.

Всушност, најстарата ќерка ме нарече „себична“ и знам дека ме озборува со нејзините другарки.

naplakjam-za-da-se-grizham-za-vnucite-zarabotiv-25-000-evra-no-kjerka-mi-misli-deka-sum-sebichna-03.jpg

Но, јас не знам друга баба која е дарежлива со нејзиното време колку мене.

И, сигурно не сум единствената баба (или дедо) која го мрази фактот што општеството очекува ние да нудиме бесплатна грижа за децата.

Јас немав никаква помош од мајка ми – таа само ми велеше „Твои деца, твоја обврска“. Ми помагаше кога навистина имав потреба, но тоа беше реткост.

Се омажив на 21 година и го добив првото дете на 25. Не работев за да се грижам за децата.

Се вработив како наставничка дури кога најмалото дете тргна на училиште.

naplakjam-za-da-se-grizham-za-vnucite-zarabotiv-25-000-evra-no-kjerka-mi-misli-deka-sum-sebichna-04_copy.jpg

Но, моите ќерки сакаа кариери – не дека во денешното општеството имаат друга опција.

И, претпоставија дека јас ќе им ги гледам децата кога и да посакаат, и покрај тоа што јас тогаш одев на работа, четири дена во неделата.

Тие дури очекуваа јас да се грижам за децата и кога имав слободни денови.

Скоро секогаш се грижев за две деца, некогаш и три одеднаш. И, на крајот од денот бев преморена.

naplakjam-za-da-se-grizham-za-vnucite-zarabotiv-25-000-evra-no-kjerka-mi-misli-deka-sum-sebichna-05.jpg

Па, решив да заземам став – им реков дека им е поевтино јас да се грижам за децата отколку да ги носат во градинка или да најмуваат дадилка.

Ниту една од ќерките не беше среќна, но немаа друг избор.

И, не се чувствувам виновно.

Поминав 30 години грижејќи се за моето семејство и мислам дека не постои дел од животот што сум поминала без да се грижам за деца.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg