11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме

Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сметале за болни, додека полничките биле синоним за здрави деца. Колку ни се промени животот во овие 30-тина години и на кои застарени правила за воспитување денес се смееме?

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-01.jpg

Во минатото родителите се срамеа да одговорат на прашањето од каде доаѓаат бебињата, па голем број деца ја слушнале приказната за штркот кој ги донел.

Денес, во време кога на децата сите информации им се достапни со еден клик на тастатура ваквите лаги делуваат смешно.

Да погледнеме во продолжение на кои застарени правила за воспитувања денес се смееме:

Добрите оценки гарантираат добро работно место

„Учи за да не работиш – како ќе најдеш добра работа ако не учиш?“ Оваа реченица им е позната на сите оние што растеа во 80-тите и 90-тите години и многумина од нас веруваа на овие мудри зборови од минатото, но денес сме свесни дека дипломата од факултет не ветува добра работа.

Напротив, во голем број случаи работодавците бараат од кандидатите да ги покажат своите практични знаења, наместо високи оцени во диплома.

Заради тоа, сè почест е трендот кај младите да одморат една година по студиите за да одлучат што сакаат да прават во иднина и во кој правец би сакале да ја насочат кариерата.

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-02_copy.jpg

Дебелите деца се здрави деца!

„Бело-црвено – ќе пукне од здравје!“ Уште една изрека на нашите баби и дедовци кои во минатото нè караа да изедеме сè во чинијата, без да водат сметка за дебелината и за прекумерната тежина.

Денес, родителите се свесни дека ваквиот однос може да предизвика проблеми со прекумерна тежина и нарушувања во исхраната.

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-03.jpg

Колку повеќе активности – толку подобро за детето!

Сега сме свесни дека големиот број активности може да го исцрпат детето и заради тоа да не може да го оствари својот потенцијал во ниту една од нив.

Денес е познато дека на детето треба да му се даде простор да проба што сака и да сфати дали нешто му се допаѓа или не.

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-04_copy.jpg

Нема зошто децата да ги вознемируваме со финансиските проблеми

Во минатото се веруваше дека родителите дома не треба да зборуваат пред децата за финансиите и дека нема потреба да ги оптоваруваат со пари.

Но, денес на сите ни е јасно дека здравите навики за штедење се формираат уште од најмала возраст и дека е неопходно децата да ги научиме да бидат финансиски одговорни.

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-05.jpg

Постарите деца треба да внимаваат на помалите

Во минатото сосема нормално беше родителите да ја префрлат грижата за помалите деца врз повозрасните.

Денес на сите ни е јасно дека преоптоварувањето не децата со обврски и грижа за помалите браќа и сестри може негативно да се одрази врз нив и да им создаде одбивност кон создавање семејство во иднина.

11-zastareni-pravila-za-vospituvanje-na-koi-denes-se-smeeme-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg