11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме
Жените се домаќинки, а мажите треба да донесат пари
Во изминатите години се поместуваат границите и не постои поделба на машки и женски работи.
Денес во голем број случаи жените се тие што заработуваат повеќе пари во семејството, а мажите се грижат за домот и семејството.
Жените мора да знаат да шијат и да готват, а мажите мора да знаат да поправаат по дома
Постојат жени што за шиење копче одат кај шнајдер, но и мажи што и за најситните проблеми викаат мајстор.
Не, денес луѓето не се преоптоваруваат со работи што не мора да ги знаат и за кои може да побараат помош од стручно лице.
Срамота е да родиш вонбрачно дете
Денес има голем број сингл мајки и факт е дека овие жени не се стигматизирани како што тоа беше пракса пред 20-тина години.
Исто така има и голем број сингл татковци, кои сами се грижат за сопствените деца.
Не го гушкај детето за да не го разгалиш
Во минатото луѓето веруваа дека гушкањето и покажувањето емоции ќе ги разгали децата.
Јасно ни е дека, оние што израснале без љубов денес не знаат ниту како да им покажат љубов на сопствените деца.
Облека се купува само кога ќе ти се скине старата
Во минатото родителите ги учеа децата дека облеката е скапа и мора да се внимава на неа за да не се оштети.
Денес има голем број попусти и опции за да купите евтина облека, така што ретко се случува да видите некој како ја носи истата облека со години.
Бебињата ги носат штркови
Во минатото се сметаше дека е најголема срамота со децата отворено да се зборува за репродукцијата, па така најчесто на децата им велеле дека ги донел штркот.
Денес има голем број енциклопедии и едукативни видеа, така што децата од најмала возраст знаат дека бебињата не ги носат штркови.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: генерирано со AI