Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“

„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сакаме, да заштедиме пари, да спиеме до доцна… Никогаш не сме сакале деца и кога ќе ја земеме предвид сегашната состојба на светот, среќни сме со нашата одлука“.

lugje-postari-od-40-godini-otkrivaat-zoshto-ne-zazhaliv-shto-nemam-deca-01.jpg

За некои луѓе, имањето дете е најважното нешто во животот. Но за други, не само што децата не се приоритет, туку и воопшто не сакаат да ги имаат.

А, помеѓу двата типа луѓе, се чини има вечна дебата. Додека родителите ги убедуваат дека ќе зажалат, оние кои немаат деца истакнуваа дека имаат многу време и многу повеќе пари.

Корисник на Редит го поставил прашањето: „Парови кои имате над 40 години и немате деца – каков ви е животот? Дали жалите што немате деца?“

Дел од одговорите во продолжение:

„Со сопругата одлучивме да немаме деца. Честопати одиме на вечера. Ако имавме деца, мислев дека ќе бевме разведени.

Сме поминале низ многу работи кои барале да се вложиме 100%. Ако во тие мигови бевме и родители, мислам дека немаше да издржиме“.

„Имам 55 години. Ни за секунда не сум зажалил што немам деца. Во среќен брак сум со здрав сексуален живот (заедно сме над 25 години). Двајцата сме вработени.

Живееме во куќа што ја сакаме, на место што го сакаме. Имаме време и пари за хобија. Имаме одлично семејство и пријатели. И кучиња. И мачки. И коњи. Не, воопшто не жалам“.

„Не жалиме, уживаме во флексибилноста и слободното време. Единствениот проблем ни е да најдеме луѓе за дружба бидејќи сите се изморени/зафатени затоа што имаат деца“.

lugje-postari-od-40-godini-otkrivaat-zoshto-ne-zazhaliv-shto-nemam-deca-03q.jpg

„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сакаме, да заштедиме пари, да спиеме до доцна, да излегуваме навечер. Никогаш не сме сакале деца и кога ќе се земе предвид сегашната состојба на светот, среќни сме со нашата одлука“.

„Годинава ќе наполнам 54, а таа – 52. Заедно сме 32 години и не би промениле ништо“.

„Можеби жалам 10%, но 90% не. Обично овие големи животни одлуки не се така црно-бели.

Имам сериозен проблем со анксиозност и децата можат да го почувствуваат тоа. Не би сакала да му создадам товар на дете да се справува со мојата анксиозност, и сето тоа додека учи да стане човек“.

„Имам 63 години. Ниту еднаш не сум зажалила. Уживав во животот досега и планирам да продолжам да уживам. Едноставно, немав желба за бебе“.

lugje-postari-od-40-godini-otkrivaat-zoshto-ne-zazhaliv-shto-nemam-deca-02.jpg

„Фала богу што немаме деца. Животот е многу тежок. Веројатно би биле бездомници ако имавме деца. Некои од нас не завршуваат со купишта пари. Ние само славиме што не сме се 'удавиле' како што би било кога би имале деца“.

„Платата не ми е лоша, а можам да се наречам и богат имајќи го предвид фактот дека немам деца, немам долгови, не ме очекуваат скапи свадби…

Имам неограничено слободно време да правам што сакам. Тешко ми е да разберам зошто некои луѓе толку многу сакаат деца“.

„Воопшто не жалам. Патувам, се забавувам, работам, имам пријатели и забавни хобија, имам многу пари кои не мора да ги трошам на деца.

И, до оние кои влеат дека децата ќе се грижат за мене кога ќе остарам – чудно ми е што сте добиле деца со очекување дека ќе си го потрошат животот во грижа за вас“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Си ги сакаме бабите, но 5 нивни фрази нè „полудуваат“ „Интернетот те расипа“, „Преслаб/а си, јадеш ли нешто?“ се само дел од работите ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg