Кратко и брзо упатство: Што треба да му кажете на вашето анксиозно дете за да го смирите?
Во животот не можете да му ветите на вашето дете дека ништо лошо нема да се случи. Но, можете да изразите охрабрување дека ќе може да се соочи со своите стравови и со текот на времето да се чувствува помалку исплашено.
Кога децата се анксиозни, природно е да сакате да им помогнете да се почувствуваат подобро.
Но, обидувајќи се да ги заштитите од работите што ги вознемируваат, можете ненамерно да ја влошите анксиозноста.
Најдобриот начин да им помогнете на децата да ја надминат анксиозноста е да ги научите како да се справуваат со неа кога ќе се појави. Со вежбање, ќе бидат помалку анксиозни.
Родителите треба да му дадат до знаење на детето дека ќе биде во ред, дури и ако се плаши.
Не можете да му ветите на вашето дете дека ништо лошо нема да се случи. Но, можете да изразите охрабрување дека ќе може да се соочи со своите стравови и со текот на времето да се чувствува помалку исплашено.
Можете да му покажете на вашето дете емпатија без да се согласувате со неговите стравови.
На пример, може да кажете: „Знам дека ти е страв да ја примиш оваа инјекција. Во ред е да се плашиш. Можеш да го издржиш ова, а јас ќе бидам тука да ти помогнам“.
Обично е корисно да се избегнуваат прашања што водат кон анксиозност („Дали си загрижен/а за тестот утре?“).
Наместо тоа, поставете отворени прашања („Како се чувствуваш во врска со тестот утре?“).
Вашиот тон на глас и говорот на телото треба да покажат дека сте смирени, што може да му помогне и на вашето дете да остане смирено.
Родителите исто така можат да помогнат така што ќе ги одвлечат вниманието на децата пред некоја потенцијално непријатна ситуација, како што е преглед кај доктор. Споменете му го неговото хоби или правете нешто забавно заедно.
Понекогаш, пак, е корисно да разговарате со вашето дете за тоа што би се случило ако неговите стравови се остварат. Што би направило? Кого би побарало за помош? Имањето план може да ја намали анксиозноста.
Родителите треба да бидат модел за здраво справување со анксиозноста.
Неколку работи кои можете да му ги кажете на вашето анксиозно дете за да го смирите:
„Јас сум тука со тебе. Безбеден/а си“.
„Кажи ми за тоа...“
„Усогласи го твоето дишење со моето“.
„Ајде да цртаме“.
„Сакаш ли да танцуваме или да трчаме за да ја исфрлиме загриженоста?“
„Ајде да смислиме неколку завршетоци за тоа што може да се случи (анксиозни, смешни и реални)“.
„Како се чувствуваш? Каде е грижата? Колку е голема?“
„Што можеме да направиме за да се почувствуваш подобро?“
„Што би сакал/а да ѝ кажеш на својата грижа? Што би ти одговорила таа? А потоа што?“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





