Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„35 години сум во брак - за што се каам и што би направила поинаку?“

Многу жени сфаќаат дека некои работи во бракот би ги направиле поинаку ако имаат временска машина - не да си заминат од сопругот, туку да останат, но под свои услови.

45-godini-sum-vo-brak-za-shto-se-kaam-i-shto-bi-napravila-poinaku-01.jpg

Постојат жени кои се мажени со години, среќни се и уживаат во бракот. Но, тоа не значи дека не се каат за некои одлуки кои ги донеле или за некои реакции, што после некое време им изгледаат погрешни.

Жените отсекогаш биле воспитувани да се грижат за својот маж, да се жртвуваат за него, да молчат и трпат, дури и кога не се среќни.

Но, времињата се менуваат, а многу жени денес сфаќаат дека некои работи би ги направиле поинаку доколку имаат временска машина - не да си заминат, туку да останат во брак, само под свои услови.

По 35 години поминати во брак, Американката Линда Џексон (64) вели дека постојат многу работи за кои се кае.

„И понатаму го сакам сопругот. Изградивме цел живот заедно - израснавме деца, менувавме работни места и се поддржувавме, уживавме во ритуалот на саботно кафе, а имавме и бројни несогласувања.

Но, кога денес гледам на нашиот брак, сфаќам дека сум правела многу компромиси и дека сум потиснувала многу делови од себе за да успее нашиот брак. Вложував време, енергија, но стигнав во фаза кога скоро и да не се препознавам себеси.

Скоро никогаш не кажував кога нешто ме боли или повредува - не сакав да личи дека сакам да почнам караница или дена сум неблагодарна. Дали жалам што останав во овој брак? НЕ! Но, има работи кои би сакала да ги направев различно“ - вели Линда.

45-godini-sum-vo-brak-za-shto-se-kaam-i-shto-bi-napravila-poinaku-02.jpg

За што жали таа?

„Се каам што се омажив премногу млада и што немав време да направам работи само за себе, да откријам која сум, а со тоа и да бидам поцврста кога ќе треба да се ‘борам’ за својот став“.

„Се каам што брзав да направам сè што побрзо - побрзо да се свршам, побрзо да се омажам, побрзо да станам мајка, побрзо да купиме куќа иако немавме реална можност за тоа во времето кога се венчавме - но тој инсистираше, а јас го поддржав“.

45-godini-sum-vo-brak-za-shto-se-kaam-i-shto-bi-napravila-poinaku-04_copy.jpg

„Жалам што ‘медениот месец’ не ни траеше подолго, односно што не поминавме барем неколку години сами пред да се родат децата и да почнат обврските кои на моменти и на двајцата ни го правеа животот многу тежок“.

„Жалам што не патував повеќе кога бев млада, што можев да одам на места кои никогаш не успеав да ги видам, а само затоа што се омажив и станав мајка премногу млада“.

„Жалам што изгубив неколку блиски пријателки. Едните си заминаа од мојот живот бидејќи јас бев во брак, а тие отидоа на колеџ, другите ги загубив бидејќи веќе немавме ништо заедничко - тие градеа кариера, јас бев посветена на децата. Третите ги загубив бидејќи се селевме, па јас ги оставав зад себе“.

45-godini-sum-vo-brak-za-shto-se-kaam-i-shto-bi-napravila-poinaku-03.jpg

„Се каам што се селевме поради работата на сопругот и што не кренав глас да кажам дека си ја сакам работата што ја имам, дека го сакам градот во кој живееме, куќата од која направивме дом и дека не мора да почнуваме отпочеток да градиме живот на непознато место, со непознати луѓе“.

„Криво ми е што на моменти се оддалечувавме со сопругот, без оглед на причината, и што ни требаше време да сфатиме дека сепак сме тука еден за друг и во добро и во лошо“.

45-godini-sum-vo-brak-za-shto-se-kaam-i-shto-bi-napravila-poinaku-05.jpg

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg