Поранешната љубовница на Кеба се сити откако ќерка му не помина на српскиот Евросонг: „Мислев ќе ѝ купи влез во финале“
- Детали
- петок, 28 февруари 2025
Текстописецот Љиљана Јевремовиќ, со која Драган Којиќ Кеба има вонбрачно дете, не штедеше зборови за да го исмее семејството на Кеба, и неговата ќерка Наташа, која не влезе во финалето на српскиот избор за Евровизија.
Српскиот избор на Песна за Евровизија (ПЗЕ), изминативе неколку дена е една од главните теми во медиумите во земјата, но и во регионот.
Како и претходните, така и оваа година, имаше интересни моменти, но и скандали за кои се зборува.
А еден од нив е поврзан со семејството Којиќ, односно пејачот Драган Којиќ Кеба, неговата ќерка Наташа, која пееше на ПЗЕ, и поранешната љубовница на Кеба - текстописецот Љиљана Јевремовиќ.
Откако се одржа првото полуфинале (на 25.02) каде што Наташа ја испеа песната Up and Down, но не помина во финалето, почнаа бројните коментари и исмевање на нејзина сметка.
Специјално за изборот, Наташа дојде од Америка, каде што живее преку 15 години.
Во зелената соба таа цело време седеше сама и мавташе со знаменцето со редниот број на нејзината песна.
На Твитер се шегуваа дека ќе гласаат за неа само затоа што им е жал што седи сама и нема поддршка како другите пејачи.
Таа, пак, од зелената соба се вклучи во живо на Инстаграм, и иако ја следат преку 484.000 луѓе, лајвот на Наташа го гледаа само 26.
Уште кога беше најавено дека Наташа ќе настапи на ПЗЕ, многумина очекуваа да ја видат во финалето, но тоа не се случи.
По ова, нејзиниот татко јавно кажа дека ако треба ќе ги тужи РТС и дека гласањето е наместено.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





