Српската водителка Ана Севиќ: „Со бившиот сопруг се смирив кога се појави во животот на ќерка ни, благодарение на неговата нова жена“
Најважна ми е среќата на моето дете кога сме сите заедно. Секој нормален човек што барем малку размислува треба да изгради таков однос. Што било – било.
Во ред, бевме заедно, имаме дете. Тоа дете не треба да почувствува ни трошка негативност од ниту една страна, туку да биде среќно кога сме сите заедно.
Инаку, јас со моите пороци имав многу нови почетоци, но овој е „последниот почеток“.
Важно ми е што здравјето ме служи, што ми се враќа гласот. Луѓето забележале дека пеењето почна да ми крчи, дека тоа веќе не сум јас, па читав коментари...
Завршувам со некои луѓе, ситни души, да се дружам, па после два дена без спиење треба да пеам... Што да пеам?! Не знам како се викам, не знам ни патики да облечам, а не пак да пеам!
Сега почнав да се занимавам со својата кариера, да вложувам во себе, во квалитетот на гласот... Не сакам премногу да зборувам, сакам луѓето сами да го видат тоа.
Инаку, Ана е најдобрата бивша жена, имам потреба да го кажам тоа, но да не се навредат другите поранешни жени (ха-ха)“.
Ана проговори и за моментот кога се смириле со Дарко и почнале пријателски однос:
„Тоа е од моментот кога тој всушност се појави во животот на нашата ќерка Лорена, ние од тогаш сме во добри односи.
Тоа се случи откако се врати Кача (неговата сегашна сопруга, која му била девојка во средношколските денови) во неговиот живот, затоа што дотогаш човекот не постоеше.
Ние никогаш не бевме во лоши односи, ни кога се разведувавме, бидејќи човекот никогаш не беше присутен, не можеше да го најдеш, не можеше да се потпреш на него за ништо.
Сега, навистина искрено се дружиме. Кога човек е остварен на сите полиња – емотивно, кариерно, семејно – тогаш нема ни его, ни комплекси, па сè може да функционира како што функционира.
Минатото лето ми вели мојот сопругот: „Еј, утре доаѓа Лазиќ, ќе биде со нас“.
Тој два-три дена работеше, а преку ден беше со нас. По десет дена ми вели: „Еј, љубов, Лазиќ пак доаѓа, има свирки, ќе биде со нас“.
Му реков: „Слушај јас со него не сум летувала толку ни кога бев во брак“.
И, на крај, сегашната сопруга Катарина за Дарко вели:
„Верував во него, го препознав неговиот потенцијал.
Сакав да му покажам колку животот може да биде убав, колку е убаво да се живее нормално. Колку е убаво да се биде со децата, со семејството, во добри односи и ете, гледаме дека му се допадна, вроди со плод.
Не сум љубоморна затоа што Ана му е бивша сопруга, зошто би била? И јас се дружам со нив, не се дружат тие сами.
Навистина убаво се сложуваме, Ана ни е како другарка, како сестра. Имаме заеднички теми, убаво ни е кога поминуваме време заедно“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





