Не сум од оние девојки кои бараат помош од машка рака. Затоа што знам да се борам како жена

ne-sum-od-onie-koi-baraat-pomos-od-maska-raka-zatoa-sto-znam-da-se-boram-kako-zena-01.jpg

Никогаш не сум била од оние, убавите девојки.

Никогаш не сум била од оние, згодните девојки.

И никогаш не сум била од оние, популарните девојки.

Моите чизми и патики не се ни блиску на високите потпетици.

Мојата шминка не го изобличува моето лице.

Јас не знам да позирам. Не знам кое е најдобро светло за фотографија.

И не знам да флертувам. Единствено знам да се насмевнам или да намигнам.

Не знам како да го прчам задникот додека одам.

Јас не сум од оние девојки кои ќе разголат се само за да возбудат маж.

Сакам да видам барем еднаш, жена и девојка, закопчана до вратот во широки панталони да знае да привлече внимание и некого да возбуди.

Јас не сум од оние девојки кои копнеат по машкото внимание.

Јас сум од оние, кои целата своја физичка сила ќе ја искористат пред да побараат помош од машката сила.

Јас сум од ние кои забораваат да кренат на телефон затоа што имаат премногу книги за читање.

Јас не сум од оние кои плачат на романтики. Јас сум од оние кои се возбудуваат од акциони филмови.

Јас никогаш нема да глумам тоа што не сум само за да бидам прифатена.

Никогаш не сум била од оние девојки кои ги ценат комплиментите.

Никогаш не сум била од оние девојки кои често добиваат комплименти.

Никогаш не сум била од оние девојки по кои многу се копнее.

Никогаш не сум била од оние девојки кои предизвикуваат возбуда и интерес.

Ама јас знам безусловно да сакам.

Јас не се плашам да сакам од страв дека ќе бидам оставена.

Доколку бидам оставена јас имам сила да продолжам понатаму, затоа што од никого не зависам.

Имам моќ некој да воздигнам, а имам моќ и да срамнам со земја.

Затоа што секој што ме повредил не останал неказнет.

Сум била добра. И ми било враќано со лошо. И тоа не ме повредило. Затоа што сум вратила со уште полошо.

Сум ја израмнила својата сила со машката сила. И во физичка и во психичка смисла.

Јас не сум од оние девојки кои при првата препрека бараат помош од машка рака.

Затоа што јас знам да се борам како жена.

Затоа што да се бориш како девојка може да значи и да се бориш додека имаш сила и додека женски не го изгубиш последниот здив и не падне и последната капка крв.

Знам да мислам како девојка. Затоа што освен да мисли на трачеви, мода, добар изглед девојката може да размислува цврсто и да има став.

Знам да трчам како девојка. Затоа што освен да трчаш полека затоа што ти е страв да не скршиш нокт или штикла, да трчаш како девојка значи и да ја победиш трката или да трчаш додека нозете те држат.

Знам да зборувам како девојка. Затоа што освен со пискав глас, девојката зборува и силно и гласно.

Знам да се однесувам како девојка.

Но, тоа го правам различно од другите девојки.

Автор: Црн Вандал

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg