Живот ли е, роман ли е...

"...There's just too much that time cannot erase..." и нека не брише. Зарем мора? Мора ли да биде избришан тој мемоар? Веќе болка не преовладува, остана само тоа многу што ни времето не може да го избрише.

zivot-li-e-roman-li-e-01.jpg

Сега дури и ветрето да дувне ќе се роди спомен во мене. Ако, драг ми е. Го совладав тоа што создаваше бура во мене!  Успеав со блага насмевка да се навраќам назад. "Еј, браво!" - ми рече внатрешново гласче. Му реков да молчи, нека не се вообразува.

Сега ќе живеам нешто вонвременско, нешто нереално. Ме научија дека бесцелното тапкање во место е вистинско клише, а отсекогаш сум била против тој клише живот. Сега сум јас на ред. Сега ќе бидам потполно своја, потполно луда. Ќе поминувам ноќи со чаша вино, ќе дозволам среќата како преполн облак да прсне врз мене и ќе се смеам. Ќе се смеам за себе, за светот, за она што допрва доаѓа. Ќе уживам во сопствената кожа и ќе љубам. Ќе љубам бескрајно. Ќе имам доволно храброст да и верувам на љубовта уште еднаш, и секогаш уште еднаш. Ќе го научам срцево да не е гладно за љубов, туку тоа да е она кое ќе ги заситува гладните души околу него. 

Ќе бидам преисполнета , преисполнета со љубов и позитивни емоции што нема да имам ни минута за негативните. Ќе бидам таа што отсекогаш сакав да бидам. Ќе живеам со секој здив. Ќе ги оставам да се прашуваат што ли се случува со мене. Ќе ги шокирам сите околу мене.

На често поставеното прашање: “Што ти е?” само ќе се насмевнам и ќе речам: ”Ех, ништо посебно.” И навистина ќе е баш тоа, ништо посебно. Самиот живот ќе ми биде посебен, каков што отсекогаш требаше да ми биде. Самиот тој.

Ах, жалам, не ме научи ти на таа вредност. Напротив. Ме научи она што остана од тебе. А штом ти остави само книга полна спомени, па зарем посебен си бил?

Автор: Ана Мартиновска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg