Уживам во глетката како бившиот се топи од љубомора, исто како мразот во неговата чаша
Посебна вечер ќе биде, чувствувам, знам. Затоа и чувствувам дека имам потреба да изгледам посебно и би требало да изгледам посебно од две причини.
Првата е затоа што одам на отворање на ресторан, а втората причина е тоа што сум девојка на сопственикот. Освен што е сопственик, тој е моја најголема љубов, мојот живот и причина за мојата среќа. Не, не сум спонзоруша. Да бев,тогаш би останала со бившиот. Иако сум тип на девојка која не ја сака секојдневната шминка и секојдневното дотерување сепак постојат прилики каде што би требало да дојде до мала промена.
Иако не ми е важно мислењето на другите, бидејќи најмногу го сакам и ценам неговото мислење. Вечер ќе се дотерам за него.
Црвена боја во крвта ми врие, а црвен фустан овој пат моето тело ќе го покрие. Долг како желбата вечно да бидеме заедно. Ниту кристалните обетки, ниту пак скапиот парфем не помогнаа да се чувствувам елегантно пред неговиот коментар дека сум прекрасна вечерва. За да бидам совршена до крај, потребно е него да го фатам за рака. Ете тогаш постои совршен спој од две несовршености.
Дама и Господ. И толку многу луѓе, толку многу воздишки, честитки и коментари. И глетка која не ја очекував, нешто што не се надевав.
Мојот бивши, еден голем клошар маскиран во господин. Прилично неуспешна маска драги бивши. До него една млада девојка, слободно можам да ја наречам една од неговите девојки за една ноќ.
Се доближи. Најпрво очите му светнаа, му дојде некако мака како кога го имаме тоа чувство кога ќе изгубиме нешто. Гледаше со неверување. Се доближи, најпрво подаде рака да честита на мојата љубов односно сопственикот, а потоа ја зеде и ја бакна мојата рака. Неговата малечка како за миг да направи љубоморна гримаса. Можеби затоа што долго време гледаше во моите очи, додека ја доближуваше раката до неговите усни.
Сакав во неговите очи да видам каење, болка за нешто вредно и скапоцено што веќе никогаш нема да го има. Всушност тоа и го видов, му доаѓаше да си гриза од душата од мака, но доцна.
Му возвратив поглед полн со сожалување и каење за времето што го изгубив за него. А потоа гордо ја стегнав раката на мојот сакан, при што ми возврати со коментар „најмила“. Тоа ме исполни,тоа ме крена горе во воздухот. Гледајќи го лицето на бившиот пробувајќи да ја сокрие љубомората.
Да, тој женкар има и за што да љубомори. На отмен господин на кој му е доволна само една жена покрај него, една и засекогаш. На човек кој бескрајно ја сака својата девојка секогаш и пред сите и на човек кој е подготвен да направи сè за неа. И уште многу причини за што би требало мојот бивши да љубомори на новата љубов.
Но, на што да љубоморам јас?
Дали да љубоморам на оној што го оставив навреме, на оној кој не знае да цени една девојка, на оној кој мисли дека сè е во парите или на девојките кои се со него поради неговите пари и затоа секој ден има „нова љубов“.
Не, немам ниту една причина за љубомора освен да уживам во глетката како бившиот се топи од љубомора како мразот во неговата чаша коњак, додека гордо ја држам за рака мојата љубов, сакајќи да му порачам на бившиот - „Не е сè во парите, бидејќи на погрешна девојка проба да и купиш цел свет, љубов и внимание со твоите пари. Но, размисли до кога ќе е така, бидејќи ниту вечно ќе си богат, ниту пак вечно млад. Сега душо размисли кој добил, а кој изгубил во играта на животот. Со пари ќе купиш одело, но не и машкост и отменост со него, со пари ќе купиш скап часовник но не и време, со пари ќе купиш девојка, но не и најважното ЉУБОВ. Нешто што ти нема да го добиеш.”
Автор: В.З.
Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!