Јован Јованов е во Канада, Зоки Стаменковски во Сиднеј... Каде се и што прават денес членовите на групата „Магија“?
Марија (45) од Скопје за CRNOBELO.com се потсетува на школските денови: „Доколку треба да одберам еден професор, би кажала нешто за професорката по математика од средно. Тие што ја сакаа се броеја на рака, немаше некој којшто немаше страв од неа. Имаше знаење, но умееше да работи само со оние ученици на кои им фаќа главата, а за другите немаше воопшто трпение”.
Некогаш на улиците имаше детска врева, игри, дружби, правевме торти од кал и игравме одбојка, народна и делфин, а денес има само натпревар за следбеници на ТикТок и за лајкови на Фејсбук... Се согласувате ли?
„Кога ја отворив кутијата на дедо ми, најпрво што видов беше неговиот џебен часовник, кој сè уште работеше. Го оставил за да нè потсети дека во животот нема потреба од брзање, сè што е наменето за тебе, ќе дојде во вистинското време. Тоа беше скап часовник со позлатено ремче, го остави и за да ни каже дека непотребна е љубовта кон материјалните работи во животот, бидејќи ништо од тоа не можеш да земеш со тебе на оној свет...“
Дали некогаш сте се запрашале што се крие зад насмевката на учителката којашто ги пречекува своите ученици? Дали сте помислиле на осаменото дете со кое никој не сака да се дружи и седи само на крајот на ходникот? Што се случува со децата кои не сакаат да учат и не постигнуваат никаков успех? Кој е крив за тоа, родителите или пак наставникот ги мрази тие деца?
Познатиот воз „Ориент Експрес“ поминувал низ скопска територија на патот кон својата дестинација - Истанбул, Мајка Тереза е родена во Скопје, во нашиот главен град е изградена и првата зоолошка градина на Балканот, а за заштитничка на градот се смета Голема Богородица...
Кремчињата со лажичка како да имаа поубав вкус, со мастиките-цигари се правевме фраери, ги вадевме буквите од супата и на чинијата си го пишувавме името... Дали овие фотографии ве прават носталгични?
„Денес, првиот училиштен ден е посветен за ставање на фотографии на Фејсбук и вклучување во живо на Инстаграм. Првиот училиштен ден е само уште една причина за мини модна ревија и фотосесија на децата. Дотерани како за на свадба, со таблети во рацете, наместо ранец со тетратки, модерните првачиња ќе тргнат кон својот нов втор дом. Но, некогаш не беше така...“
„Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор...“ Колкумина од вас сѐ уште ги помнат стиховите од првата песничка од Букварот со коишто го започнале своето образование?
Дали ви се случило да слушнете некој близок пријател, роднина или сосема непозната личност како се жали за недостаток на финансии и лошите услови за живот?
На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на летото, крајот на безгрижните детски денови поминати во игра и спиење до доцните часови.
Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите до еден раштркани низ светот и од толку многу теми најмногу се задржавме за спомените од детството. Одеднаш се отворија толку многу хоризонти, на површина испливаа заборавени секвенци од детството кои буквално нè разнежија однатре.
„Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да станам наутро одморена. Наместо тоа, седам до доцна и гледам филмови на Нетфликс, но сепак, јас сум мајката што им треба на моите деца и за нив сум сè“. Колку од вас „се уловиле“ себеси како размислуваат на сличен начин?
Симпатична продавачка во години, прилично растревожена и нервозна, со солзи во очите, ѝ се жалеше на својата колешка за работните услови. Поради разговорот што го слушнав се запрашав дали и колку ги почитуваме правата на работниците?
Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холивуд, шпанските серии со трагични краеви, индиските кои немаат крај, и секако турските серии кои владеат на екраните... но кои се легендите од македонската продукција?
Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите деца. Свет на среќа и веруваат во нешта коишто другите не можат да ги видат. Бидејќи растењето и воспитувањето на дете со посебни потреби не бара посебна фамилија, туку тоа фамилијата ја прави посебна. Бидејќи навистина е потребна посебна личност којашто ќе може да го слушне она коешто децата не можат да го кажат, а сакаат.
Порано, раните 90-тите, во моите детски години, родендените се славеа едноставно, но навистина весело. На менито традиционално, смоки, соленки и пуканки, а за слатко задоволство наполитанки, ресана и бомбици.
Се наоѓаме во пансионот наречен улицата од општеството. Се надевам ви се допаѓа приемот на гостите. Удобно е, можете слободно да бирате во кој ќош од улицата ќе се сместите, без да морате да платите. За храна воопшто не грижите се бидејќи нивното мени е навистина опширно. Кантите со смет биле повеќе од добар избор за преживување на гостите. Овој пансион има навистина многу катови, само што домаќините овде прво ќе ве погледнат како сте облечени, колку пари имате во џебот и ќе ве прашаат што работите, а потоа ќе ви го определат вашето место во општеството.