„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“

„Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да станам наутро одморена. Наместо тоа, седам до доцна и гледам филмови на Нетфликс, но сепак, јас сум мајката што им треба на моите деца и за нив сум сè“. Колку од вас „се уловиле“ себеси како размислуваат на сличен начин?

na-moite-deca-ne-im-treba-idealna-i-sovrshena-majka-tuku-roditel-shto-gi-saka-01.jpg

Колку од вас се свесни дека не се совршени родители? Колкупати ви се случило да се запрашате дали сте донеле погрешна одлука околу одгледувањето на вашите деца?

Даниел Шерман-Лазар низ своите текстови објавени на социјалните мрежи го опишува мајчинството такво какво што е: несовршено, напорно, стресно...

Во нејзините текстови може да се пронајдат сите мајки што даваат сè од себе да бидат добри родители, но знаат дека отскокнуваат од онаа идеја што некој ја наметнува како совршенство.

Следува еден нејзин текст, пренесен во целост:

„Не сум таква мајка каква што сакав да бидам.

Јас не сум мајката што е сигурна дека сè што ќе им даде на децата да јадат е здраво и органско.

Јас не сум мајката што успева да ги заврши сите обврски што треба да се завршат.

Јас не сум мајката што се чувствува самоуверено во секоја одлука што ја носам. Најчесто само се молам сè да се заврши најдобро.

Јас не сум мајката што си легнува рано за да може да стане наутро одморена. Наместо тоа, се фаќам себеси како седам до доцна и гледам филмови на Нетфликс или се грижам.

Не сум приземна мајка, која ги има сите одговори и секогаш има совршен аутфит и фризура.

Јас не сум мајката што може да остане смирена за секоја џумка или модринка и некогаш ми се случува да ја влошам ситуацијата со сопствената реакција.

Но, јас сум мајката што само со еден поглед знае кога нешто не е во ред.

Јас сум мајката што плачеше кога го остави детето во градинка и мораше да го одлепат од моите нозе.

Далеку сум од совршена мајка, но никој не ги познава и не ги сака моите деца повеќе од мене.

А во нивните очи, јас сум сè.

Затоа, таква каква што сум,

јас сум мајката што им треба на моите деца.

Затоа што ним не им треба идеална личност,

ним им треба мајка која е реална и која ги сака.

Затоа, можеби јас сум таква мајка каква што треба да бидам, а тоа е подобро од совршено.“

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg