Дечињата со посебни потреби се птици со скршени крилја – тие се убави како и сите други, само им треба помош да полетаат
Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите деца. Свет на среќа и веруваат во нешта коишто другите не можат да ги видат. Бидејќи растењето и воспитувањето на дете со посебни потреби не бара посебна фамилија, туку тоа фамилијата ја прави посебна. Бидејќи навистина е потребна посебна личност којашто ќе може да го слушне она коешто децата не можат да го кажат, а сакаат.
Живееме во свет каде децата се најдрагоценото и најскапоценото богатство. Но, за жал животот не би бил оној вистинскиот доколку не ни ги поставува најтешките предизвици.
Дојде време каде детскиот сон навистина лесно може да биде срушен, додека пак замокот од коцки којшто го гради секое дете да биде лесно кршлив поради големиот број на пречки во развојот на децата кои се повеќе се појавуваат.
Тука се децата со аутизам, Даунов синдром, или пак оние деца кај кои природата не била толку дарежлива, па мора да го поминат животот со некаков инвалидитет.
Тие сè уште една приказна, за која треба гласно да зборуваме. Бидејќи нивната борба е навистина тешка.
Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите деца. Свет на среќа и веруваат во работи коишто другите не можат да ги видат.
Бидејќи растењето и воспитувањето на дете со посебни потреби не бара посебна фамилија, туку тоа фамилијата ја прави посебна.
Бидејќи навистина е потребна посебна личност којашто ќе може да го слушне она коешто децата не можат да го кажат, а сакаат.
Бидејќи ниедна дијагноза не може да ја победи извонредната љубов што родителот ќе ја има кон своето дете.
Запомнете на секое дете му е потребен шампион, еден возрасен којшто никогаш нема да се откаже од своето дете, дури и во најтешките предизвици.
Можеби родителите се тивка војска која се бори за своите деца. Можеби тие се неопеаните херои кои можеби никогаш нема да добијат јавно признание за нивната напорна работа и успех, но факт е дека тие неуморно продолжуваат да се борат во борбата наречена живот за нивните деца.
Како што и еден мој познаник ми имаше кажано:
„Јас сум брат на некој кој има посебни потреби и верувам дека ова е најдоброто нешто што ми се случило, бидејќи сега го гледам светот низ очите на можностите“.
Не би бил целосниот јас доколку не кажам неколку зборови и за заедницата којашто ние како народ ја креираме. Зарем сме направиле нешто за да го олесниме животот на децата со посебни потреби или секојдневно придонесуваме за тие децата да се чувствуваат дополнително неприфатени и дискриминирани од наша страна?
Децата не се со инвалидитет поради тоа што не можат да одат, слушаат или гледаат, тие се со инвалидитет бидејќи општеството ги исклучува и дискриминира.
Сум бил сведок на голем број вакви ситуации кои, за жал, стануваат секојдневие. Неприфаќањето на овие деца во училиштето, исмевањето од врсниците, или пак погледите и невкусните коментари од неколкуте баби и тетки во градскиот парк.
Би ви кажал дека децата со пречки се птици со скршени крилја. Тие се исто толку убави како и сите други, само што им е потребна помош да ги рашират своите крилја и да полетаат.
Додека нивните родители секојдневно го креваат гласот за да нè повикаат да се освестиме и заедно со нив да се бориме, да им помогнеме бидејќи тие се наши деца, ние се однесуваме незаинтересирано, немајќи воопшто слух.
Градењето на центри за чување или пак рехабилитација, посебна образовна програма, соодветна грижа и нега, како и лекарства се само дел од работите за кои многу родители се борат.
Успехот за овие деца не е недостижен, само бара многу работа, трпение и љубов.
Ова го потврдува и приказната за нашата Нина Костовска прво лице со Даунов синдром кое дипломира македонски јазик и книжевност.
Приказна која треба да претставува повеќе од доволна инспирација дека не треба да се откажуваме. Сè е можно, кога силно сакаме и напорно работиме на истото.
Борбата е дел од животот, но доколку нашиот мотив биде успехот и љубовта тогаш нема сила којашто ќе може да го растури детскиот сон.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Б. | Црнобело / фото: freepik.com