Љубов голема, свадба со 300 луѓе, невестата пресреќно мавта со бурмата на рака, чиниш на среќата ќе ѝ нема крај. Се раѓа едно дете, се раѓа второ дете. Инстаграм и Фејсбук „горат“ од слики на среќното семејство, насмеани, фотографирани за сите можни прилики, мекици, крштевки, првата прошетка, првото запче, цел албум „тато нѐ однесе на одмор“, родендени, слики од мажот и жената за нивните годишници од брак, прославени во романтична атмосфера и пропратени со изјави на љубов во коментарите под објавите, човек да им позавиди на идилата која ја живеат.