Зошто повеќе нè боли кога некој нè игнорира, отколку кога се расправа со нас?
Доколку сакаме да го решиме проблемот, потребно е да има дискусија, без разлика на тоа колку е болна расправијата и какви зборови ќе паднат. Но, доколку сакате да ја „казните“ личноста и да ја натерате да седне и да размисли дали и каде згрешила, тогаш можеби игнорирањето е најдобриот начин. Зошто повеќе боли игнорирањето од расправиите?
Велат дека кога некој се расправа со вас, најдоброто нешто што можете да го направите е наместо да се расправате, да го игнорирате. Без разлика дали се работи за партнер, роднина, пријател.
Но, дали е тоа така? Зошто игнорирањето повеќе боли од расправиите?
Кога комуницирате и живеете со луѓе нормално е понекогаш да има и конфликти. Без разлика за што се. Некогаш и најмалите ситници може да станат проблем и да избувнете или, пак, едноставно да ја игнорирате личноста со којашто не се согласувате.
Иако подеднакво се лоши и двете „искуства“, сепак игнорирањето ни се чини дека е потешко и поболно од кавгата. Зошто е тоа така? Зошто повеќе боли кога некој во целост ја прекинува комуникацијата, отколку кога би започнал расправија?
Според веб-сајтот Psychology Today стравот на луѓето од општествено отфрлање често се рефлектира во нивната преголема чувствителност и кон најмалите сигнали што би означувале општествено исклучување.
Прашања што си ги поставуваме кога некој нè игнорира и зошто нè измачуваат:
„Што ли згрешив?“
Една можност е дека за разлика од бурните расправии, кога некој ве игнорира има прекин во комуникацијата.
Тоа, со други зборови, би значело дека додека некој ве игнорира, тој индиректно ви вели дека би требало да седнете и да размислите што сте направиле за да го вознемирите.
Ќе треба да направите и цел каталог на постапките, но и на зборовите што сте ги употребиле за да ја навредите личноста.
Од друга страна, кога се расправате, полесно ќе дојдете до изворот на проблемот и нема да ви биде потребно дополнително преиспитување.
„Дали целосно загубив контрола?“
Кога некој ве игнорира, често се чувствувате како да ја губите контролата.
Во расправиите и двете лица пробуваат да одржат некаква контрола врз ситуацијата, што не е случај и со игнорирањето.
Во вториот случај често се чувствуваме како некој да ни ја одзел контролата и да немаме можност да се одбраниме.
„Дали не сум вреден ниту за внимание?“
Понекогаш кога некој нè игнорира тоа може да ни се чини како воопшто да не сме значајни за да добиеме и најмало внимание.
Ова е логично затоа што додека некој се расправа со нас, во основа значи дека ни обрнува внимание, без разлика на тоа што тоа е негативно.
Кога некој нè игнорира, тоа значи дека воопшто не сме вредни за неговото внимание.
Па, што е подобро – да се расправаме или да игнорираме?
Одговорот на ова прашање се крие во тоа која ни е целта и што сакаме да постигнеме.
Одговорот на прашањето дали при следната расправија треба да влезете во бурна дискусија или да игнорирате некого зависи, пред сè, од тоа што сакате да постигнете.
Логично е дека доколку сакаме да го решиме проблемот, потребно е да има дискусија, без разлика на тоа колку е болна расправијата и какви зборови ќе паднат.
Но, доколку сакате да ја „казните“ личноста и да ја натерате да седне и да размисли дали и каде згрешила, тогаш можеби игнорирањето е најдобриот начин.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com