Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
.Net Developer 10-02-2025


Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите

Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува деструктивно кон другите, да дава лоши коментари, да се однесува пасивно-агресивно, па дури и да ги саботира другите.

koga-lichnosta-ne-e-zadovolna-od-sebe-i-svojot-zhivot-togash-stanuva-zlobna-kon-drugite-01.jpg

Кога една личност не е задоволна од себе и од својот живот, односно се соочува со внатрешни конфликти и фрустрации кои не знае како да ги реши, тогаш таа е злобна кон другите.

Нејзиното незадоволство и немир може да потекнуваат од некаков тип на несигурност, ниска самодоверба, неостварени цели или неможноста да се носи со очекувањата на другите.

Кога личноста чувствува дека не е доволно добра, дека не го постигнала посакуваното, тогаш таа се повлекува во себе, а често бара виновници и околу себе.

Таа всушност своето внатрешно незадоволство го проектира врз другите. Проекцијата е психолошки механизам на одбрана каде своите сопствени негативни особини им ги припишуваме на другите.

Наместо да се соочи со своите мани оваа личност ги обвинува другите за сопствените неуспеси и станува злобна кон нив.

Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува деструктивно кон другите, да дава лоши коментари, да се однесува пасивно-агресивно, па дури и да ги саботира другите.

Таа развива циничен поглед кон светот и светот го смета за неправедно место, каде другите секогаш имаат повеќе среќа или успех. Ги критикува другите и на тој начин сака да им ја намали вредноста, за да се чувствува помалку лошо во врска со својот неуспех.

Злобата насочена кон другите не е секогаш видлива, понекогаш таа е маскирана зад маската на љубезност. Се користи иронија, сарказам и што уште не.

За жал, ова однесување нема да ѝ помогне на оваа личност. Таа само ќе се одделува од другите и ќе гради ѕидови, ќе стане изолирана и уште понезадоволна.

За да се прекине овој маѓепсан круг потребно е личноста да го препознае своето незадоволство и да почне да работи на себе. За тоа е потребно храброст, подготвеност за саморефлексија и соочување со сопствените мани, а тоа не е секогаш лесно.

Таа личност треба да ја прифати одговорноста за својот живот, да пронајде внатрешен мир и задоволство и дури тогаш да почне да гради здрави и позитивни односи со другите.

На крајот, важно е да запомниме дека патот до задоволство од самите себе и својот живот не е лесен и е процес кој трае цел живот, важно е како се справуваме со емоциите и да запомниме дека незадоволството од самите себе треба да го искористиме како мотивација за раст и промена.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Кога ќе ве разочара човек што ви бил идол, тогаш најмногу боли Дали и вие во животот имате некој човек кој го идеализирате? Таков на кој сметат...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
Во животот ќе ти тргне кога нема да кажуваш никому ништо Во денешно време со социјалните мрежи често се чувствуваме присилени да го споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg