Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“

„Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе минаа низ слични работи. Речиси сите мораа да ги соберат парчињата од своето скршено срце“.

pismo-do-zhenata-na-koja-svetot-i-se-rushi-znam-deka-neshto-losho-ti-se-sluchilo-no-edno-zapomni-01.jpg 

Жено, не губи надеж и не паѓај во очај. Повторно ќе ти се вратат душевниот мир, рамнотежата, доброто расположение, радостa и светлината кои го исполнуваат твоето срце.

Да, денес си збунета. Се чувствуваш како да се распаѓаш на парчиња, кои не можат повторно да се состават. Но, сè ќе заврши порано или подоцна.

И овој тажен период во твојот живот ќе помине. И ќе го заменат среќа и мир.

Тоа е само поглавје од приказната која сама ја пишуваш. А кога ќе се заврши ова поглавје, приказната ќе продолжи.

Всушност, ништо не трае вечно, ниту доброто, ниту лошото.

Ако си подготвена да прифатиш пораз, запомни – не си родена ти за ова. Ти дојде на овој свет да се откриеш себеси, да ги оствариш своите можности, па колку и да е тешко тоа.

Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе минаа низ слични работи. Речиси сите мораа да ги соберат парчињата од своето скршено срце.

Страшно е наместо љубов и почит, да ти бидат сервирани празнина и самотија. Боли кога си многу блиску до целта, но плановите во еден миг ти се распаѓаат.

И почнуваш да се обвинуваш за сопствената слабост и бесполезност. На своите плеќи преземаш огромен товар, обвинувања и прекор.

Не смееш да дозволиш деструктивните мисли да те фрлат на коленици. Ако нема кој да ти помогне, имаш само еден излез. Сети се што е доброто во тебе. Запомни дека луѓето те сакаат без оглед на сè.

Животот не се завршува денес. Да, понекогаш е тешко и неправедно, но нема секогаш да биде така. Светот околу нас брзо се менува, а ние со него. Но, само однадвор.

Знаеш ли што останува исто? Нашиот внатрешен свет. Нашата суштина секогаш ќе биде иста. И сè со текот на времето ќе се врати на свое место. Потоа, повторно ќе бидеш своја.

Сети се каква беше како дете. Тоа мало девојче е тука и понатаму. Всушност, сега порасна и го гледаш светот со очи на возрасна личност. Па, затоа сега можеш да видиш многу лоши работи.

Погледни во својата душа и таму пронајди надеж. Таа која те хранеше како дете. Верувај и не се плаши да бидеш тоа што си.

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg