Писмо до мојот сопруг: Пред да заврши годината, сакам да ти се заблагодарам за сè
Ти благодарам за тоа што ние секогаш сме ти на прво место и за силата што ја покажуваш дури и кога е тешко. Ти си нашиот заштитник, нашата поддршка.
До мојот сопруг.
Пред да заврши оваа година, сакам да ти се заблагодарам.
Да ти се заблагодарам за сè… за тоа што си прекрасен татко, грижлив сопруг и срцето на нашето семејство.
Ти благодарам за она што го жртвуваш, за тоа што ние секогаш сме ти на прво место и за силата што ја покажуваш дури и кога е тешко.
Ти си нашиот заштитник, нашата поддршка и личноста која нè приземјува.
Начинот на којшто се грижиш за нашите деца, ги водиш и ги сакаш безусловно, ми го полни срцето со гордост.
Секогаш си пример за татко на кој можат да се потпрат.
Дури и на најтешките денови, ти покажуваш сила.
Секој ден ми покажуваш што значи да сакаш, да бидеш храбар и да продолжиш да се движиш напред.
Сакам да знаеш дека и најмалите работи што ги правиш, значат многу повеќе отколку што мислиш.
Како што завршува годината, не заборавај дека си сакан, ценет, дека ти се восхитуваме повеќе од што можеш да замислиш.
Горда сум на тебе и секогаш ќе бидам покрај тебе, поддржувајќи те во секој чекор.
Ти благодарам што си личноста која го држи ова семејство заедно. Ти си ни сè.