Да се биде татко на девојче е вистинска гордост за секој маж
Бремена жена го прашува својот сопруг: „Што очекуваш, момче или девојче?“. Сопругот одговара: „Ако е момче, ќе го учам математика, ќе вежбаме заедно, ќе го научам да лови риба итн.“ Жената, смеејќи се, прашува: „А што ако е девојче?“... Посветено на сите татковци кои се доволно среќни да имаат ќерки.
Бремена жена го прашува својот сопруг:
– Што очекуваш, момче или девојче?
Сопругот одговара:
– Ако е момче, ќе го учам математика, ќе вежбаме заедно, ќе го научам да лови риба итн.
Жената, смеејќи се, прашува:
– А што ако е девојче?
Сопругот се насмевнува и вели:
– Ако е девојче, нема да треба да ја учам ништо. Таа ќе ме научи на сè: како да се облекувам, како да јадам, што да кажам и што да не кажам.
Многу брзо ќе стане како втора мајка за мене и дури и без да направaм нешто посебно, секогаш ќе ме смета за нејзин херој.
Таа ќе разбере кога ќе ѝ кажам „не“ и ќе го споредува својот иден сопруг со мене. Без разлика колку години ќе има, секогаш ќе сака да ја третирам како моја мала принцеза.
Таа ќе се бори за мене против целиот свет, и ако некој ме повреди, никогаш нема да му прости.
Жената, малку заинтригирана, прашува:
– Сакаш да кажеш дека твојата ќерка би го правела сето ова, а не и синот?
Сопругот одговара:
– Не, не! И синот може да го прави сето ова, но со тек на време, прво ќе мора да го научи.
Од друга страна, девојчињата се раѓаат со овие вродени квалитети. Да се биде татко на девојче е вистинска гордост за секој маж.
Потоа жената рече:
– Но, таа нема да биде со нас засекогаш.
Сопругот нежно одговара:
– Да, но ние секогаш ќе бидеме со неа, во нејзиното срце, каде и да оди.
Девојчињата се ангели… Тие се раѓаат со безусловна љубов и грижа, засекогаш.
Посветено на сите татковци кои се доволно среќни да имаат ќерки.
фото: depositphotos.com