Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“
- Детали
- петок, 26 април 2024
„На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов од дома и на никого не кажав. Никој не знаеше кај сум“, се потсети Едина Муса и се потпиша во нашиот лексикон.
Кошаркарката и фитнес инструкторка, Едина Муса, одговараше на неколку прашања од лексиконите, како оние што ги пополнувавме во средно и основно училиште.
Таа ни откри каков ученик била, што би сакала да има во животот (а нема), но и зошто не навива за ниеден клуб, иако од дете игра кошарка, но и тренира млади девојчиња.
Што напиша Едина во лексиконот на CRNOBELO?
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Едина, а прекари ми се Дина, Динче, Диничка.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Родена сум на 7 август 1991, во хороскоп сум Лав.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Ylang Ylang - FKJ, пејач FKJ, а пејачка немам.
Едина е долу лево
4. А омилена книга?
„Која игра ја играш“ од Ерик Берн.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Немам омилени актер и актерка, но ако треба да издвојам, нека бидат Џим Кери и Камерон Дијаз. Омилен филм ми е White Chicks, а серии: Prison Break, Modern Family.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт ми е кошарка. Немам омилен клуб и не навивам за никого. Само сакам да гледам добри натпревари.
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам три: куче Лео и мачињата Џинџер и Пикси.
8. Кој ти е среќен број?
10.
9. Кој ти е омилен виц?
Не ми текнува.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Цедени сокови и компир во секоја варијанта.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам четири - Драгана, Симона, Деспина и Ангела, а се дружиме од основно.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Секогаш одлична со највисок просек. А омилен предмет - хемија.