„Нашиот дедо, во далечната 92-ра година, на пазарчето Буњаковец посведочил на случка во која бабичка немала пари за гранче кое се продавало скапо. Тој ѝ купил гранчиња, а следната 93-та година заедно со пријателите набрал и ги купил сите од тезгите, па пред пазарчето ги делеле бесплатно. Така низ годините, скромната хумана акција прерасна во организација која се случува секој Бадник пред Соборен храм, а нас со одборот од 40+ членови и симпатизери, ни е традиција веќе 30 години, иако тој веќе не е меѓу нас“ - раскажуваат Мартин и Дарко Пановски за CRNOBELO.com.