Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш!
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш?
Види се сега малечка, и тоа како можеш!
Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ќе те скрши?
Види се сега, колку убаво се состави.
Дали се сеќаваш кога мислеше дека немаш сила за тоа прашање, за тој разговор, за таа одлука, за чекорот кој не те носеше ниту напред, ниту назад, а само ти ги скокоткаше табаните?
А види колку сила ти даде тоа и каде стигна.
На чекор од летото, сети се, животот е за да го живееш, а не да чекаш да помине.
Сите умираат еднаш.
Но, некои не живеат ниту еднаш.
Боли, те болело и ќе боли.
Но, ќе помине.
Блескај малечка, за сè што допрва доаѓа.
А многу убави работи ти пристигнуваат во прегратка наскоро
Извор / автор: Бранкица Раковиќ