Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите

Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со некои работи што нè нервираат кај него или неа учиме да живееме, за други правиме компромис, но има и такви што ужасно ни одат на нерви, па сакаме да ги смениме. Сепак, што ве нервира најмногу кај партнерот?

da-bide-odluchen-taa-da-ne-e-tolkava-mrza-i-ushte-11-raboti-shto-makedoncite-bi-gi-smenile-kaj-partnerite-01.jpg

Преку анкета на Инстаграм ги прашавме Македонците која карактерна особина или навика би смениле кај партнерот, бидејќи многу ги нервира.

Во продолжение прочитајте што ни одговорија:

1. Да биде помалку флегматичен, тоа што може да го завршиме денес да не го оставаме за утре.

2. Би сакала да можам да го направам поодговорен.

3. Не сакам што е толкава ‘педантерија“ – би сакала да ја смени таа карактеристика.

4. Навиката за доцнење!

da-bide-odluchen-taa-da-ne-e-tolkava-mrza-i-ushte-11-raboti-shto-makedoncite-bi-gi-smenile-kaj-partnerite-02.jpg

5. Јас би го сменила партнерот.

6. Парфемот што го користи.

7. Да не анализира работи кои знае дека нема шанса да се случат.

8. Да не се потстрижува многу кратко.

9. Би сакал таа да не е толкава мрза.

10. Би ѝ ја сменил „главата“ (се мисли на мозокот).

da-bide-odluchen-taa-da-ne-e-tolkava-mrza-i-ushte-11-raboti-shto-makedoncite-bi-gi-smenile-kaj-partnerite-03_copy.jpg

11. Би сакала да си најде хоби.

12. Да биде одлучен што сака.

13. Да почне да пие кафе за да го сфати уживањето во ритуалот.

Но, има и такви што велат дека партнерот не треба да се менува.

„Не би менувал ништо, јас партнерката ја засакав со сите нејзини убавини и мани, толку!“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg