Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење?
Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мислела дека лесно сум го преживеала? И кога нема да изгледам како денес....
Ќе ме сакаш ли секогаш?
И кога деновите ќе започнат да личат еден на друг, а ние нема да личиме на тоа што го засакавме (и нема да изгледаме како во моментот кога се запознавме).
И кога животот ќе стане тежок и од нашите очекувања кои ќе си ги префрлуваме еден на друг.
Кога ПМС-от ќе стане подолг, а нервите сè пократки.
И кога нема да го добиеш тоа што мислиш дека би требало да ти го дадам, затоа што во тој миг немам ништо повеќе.
И кога ќе ти се чини дека тоа таму е поубаво и подобро.
И кога ќе побарам помош, па ќе ги изгубам супер моќите од рубриката „таа може сè, види ја“. Не може, глуми.
И кога би сакала да бидам сама.
И кога не би зборувале на ист јазик.
И кога толку од себе ќе даваме на сите околу нас, што од нас нема да остане многу.
И кога нема да бидам нималку допадлива, нималку слатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење.
И кога годините ќе ми одземат нешто, а ќе ми дадат нешто друго, но за тебе непознато.
И кога не можам.
И кога не знам.
И кога немам каде.
И кога ќе посакам повеќе.
И кога сум премалку. И кога сум премногу.
Ќе ме сакаш ли кога сликата од мене која ја сликале убавите денови ќе ја размачкаат вода и сол?
Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мислела дека лесно сум го преживеала?
Ќе ме сакаш ли и кога исплашена ќе стојам пред бездната на сопствените стравови, подготвена да скокнам?
Веруваш ли дека е возможно да сакаш со сите „да“ на овие прашања?
И јас. И јас.
Извор (автор: Бранкица Раковиќ)