Честитки, го преживеав ретрограден Меркур: Ќе скршев нога на паркинг во Скопје, ми пиша девојката на бившиот

„Пред неколку вечери на Вибер ми стигна порака од девојката на мој поранешен дечко, со кој не сум во врска повеќе од 5 години и кого не сум го видела барем 3 години. Ама ете, години подоцна, таа решила да пише и да ми каже што ја мачи“. Како го преживеав овој ретрограден Меркур? 

chestitki-go-prezhiveav-retrograden-merkur-kje-skrshev-noga-na-parking-vo-skopje-mi-pisha-devojkata-na-bivshiot-so-kogo-prekinav-pred-5-godini-01.jpg

Дали ретроградниот Меркур навистина влијае на сите или си правиме филмови во глава дека нешто лошо мора да ни се случи?

Па кога работите нема да одат како што сме ги планирале, се вадиме на тоа дека е ретрограден Меркур и веднаш ни станува полесно?

Која и да е вистината, ќе кажам само едно: „Алелуја, го преживеав“.

Не сум човек што верува во заговори на ѕвездите или предвидување на судбината. Ама, кога е ретроградниот Меркур во прашање, на праг сум да го сменам мислењето.

Бидејќи, изминатите три недели (од 21 април до 15 мај 2023), не знам ни јас како ги преживеав без последици. Денес дефинитивно ќе славам!

Огненото ретроградно крштевање го имав уште на првиот ден (21 април).

Бев на викенд со друштво надвор од Македонија и со влажни папучи згазнав на мермер, па уште на првиот чекор се лизнав и се спружив на подот колку што сум долга и широка.

Во секој друг случај ќе ми беше смешно, ама паднав толку лошо на „опашката“, што два дена не можев да станам од кревет.

Имав и гребаници на раката, па лажев дека сум ги направила на некоја врата, а не сум ни забележала.

Почна и носот да ми расте како на Пинокио, колку пати излажав дека ништо не ме боли, а офкав во себе. И цело време ми се вртеше мислата дека имав среќа што со главата не удрив на мермерната скала што ги поврзуваше собата со мократа тераса.

„Можев да завршам како Боб Сегет, да легнам да спијам и да не се разбудам“ – ми беше главна шега откако се вратив, а болките престанаа.

chestitki-go-prezhiveav-retrograden-merkur-kje-skrshev-noga-na-parking-vo-skopje-mi-pisha-devojkata-na-bivshiot-so-kogo-prekinav-pred-5-godini-02.jpg

Да биде првиот ретрограден ден уште „повесел“, се скарав со една од најблиските другарки. Поминаа повеќе од 10 дена, а ниедна не сака да попушти и да се извини. Можеби од денес ќе размислувам поинаку, не знам…

Среде ретрограден Меркур славев роденден. Не еден ден, цела недела. А тоа значеше купување грицки, пијалаци, намирници од маркет.

Одејќи накај автомобилот, со полни кеси во рацете, сфатив дека од што толку многу врнело, немам каде да поминам туку мора да газам директно низ водата меѓу колите.

Еден чекор, два, на третиот ногата ми се излизга, и почнав да паѓам. Овојпат имав среќа, некако се задржав на еден автомобил и наместо да паднам, само клекнав.

Фармерките ми беа утоп, работите од кесите ги собирав од под колите. Се искрши и едно шише вино. Среќа, не скршив нога, а можев.

Си реков „Океј, тоа е тоа, не може да е полошо од ова“.

Хм… сепак можело.

chestitki-go-prezhiveav-retrograden-merkur-kje-skrshev-noga-na-parking-vo-skopje-mi-pisha-devojkata-na-bivshiot-so-kogo-prekinav-pred-5-godini-03.jpg

Пред неколку вечери на Вибер ми стигна порака од девојката на мој поранешен дечко, со кој не сум во врска повеќе од 5 години и кого не сум го видела барем 3 години.

Ама ете, години подоцна, таа решила да пише и да ми каже што ја мачи.

Кога им кажував на пријателите, мислеа дека ги лажам. Додека не ги видоа пораките.

Го преживеав и тоа.

И кога на 15 мај си реков – готово, тоа е тоа, но не! Вечерта заврши со убава караница со дечко со кој почнав да се гледам неодамна. Кавга за глупости, ама ние денес не разговараме.

Можеби е до мене (гарант е до мене), а можеби е до ретроградниот Меркур.

Но, честитки, го преживеав(ме).

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Искрена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg