Кога за првпат решив да проговорам за мојата извојувана борба со ракот, како и сексуалното злоставување кое го доживеав во детството, не очекував дека ќе морам да се соочам со некои дополнителни тврдокорни вистини. Слепо верував дека крајот настапува со развејувањето на победничкото знаме, и освојувањето на животот. Но не бев нималку подготвен за оние рој препреки кои стоеја пред мене. Поради тоа, јас, Кирил Ангелов, за CRNOBELO.com сакам да ги споделам најважните 20 работи кои ги научив и сфатив од борбата со ракот и победата на оваа болест, со цел дека ќе можат да помогнат некому. И секако охрабрувам, секој кој може, да говори за своите искуства. Колку сме погласни, толку посигурно ќе ја победиме оваа болест.