Добиваш ќерка и ѝ ги дупнуваш ушите, располагаш со нејзиното тело како да е твое - зошто?
Добиваш ќерка и ѝ ги дупнуваш ушите. Без нејзина волја, нејзина дозвола и согласност. Располагаш со нејзиното тело како да е твое. Како да си му газда и како над него да имаш апсолутно владеење. Не им го правиш тоа на синовите.
Па добро, подобро сега кога е мала, нема да е сеќава, подоцна ќе ја боли многу повеќе.
Не е важно, таква е традицијата, така правеле и твојата мајка и нејзината мајка. Нема врска.
А, можеби сепак е подобро да ѝ ги дупнеш ушињата кога таа ќе одлучи?
Ти се раѓа ќерка и ѝ ги дупнуваш ушињата. Само затоа што е ќерка.
Не им го правиш тоа на синовите.
Ѝ го правиш тоа нејзе, за да биде убава. Се убедуваш себеси – да биде поубава – бидејќи не можеш да ја поднесеш помислата дека светот во првите месеци може да помисли дека е момче.
Каков срам, луѓето да помислат дека твојата ќерка е момче?!
И тогаш, без нејзина дозвола, туку по своја желба одлучуваш тие туѓи, неодамна родени ушни ресички да ги прободеш со игла.
Без нејзина дозвола, одлучуваш што ќе правиш со нејзиното тело.
Прашањето е едноставно. Чие е телото на твојата ќерка? Твое или нејзино?
Кому му припаѓа женското тело? На жената, или на нејзините родители, мажите, државата…?
Мислам дека и одговорот е едноставен.
Женското тело ѝ припаѓа на жената.
Со жената не можеш да располагаш како да е предмет само затоа што е жена.
Мораме да научиме еднаш засекогаш да не ја китиме по наша желба и за наше уживање, туку уште откако ќе дојде на овој свет, да не ѝ го ускратиме правото да стане личност, па потоа да биде и да изгледа како што сака.
Извор / фото: depositphotos.com