„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“

Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, оревите набрани од градината и домашниот џем биле сосема доволни за да се приготви колач и истиот да ги воодушеви гостите.

go-pronajdov-stariot-dnevnik-za-gotvenje-na-mojata-baba-poglednete-koi-slatki-gi-prigotvuvala-koga-cekala-gosti-01.jpg

Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба. Вистински времеплов на вкусните старински колачи кои биле главна атракција кога таа пречекувала гости.

Порано да се оди на именден или слава била голема чест, но уште поголема била честа за домаќинката да ја спреми софрата со највкусните јадења и да се покаже пред гостите.

Дојде време каде марципанот стана услов за да ја имате најубавата торта. Време во кое децата треба да имаат роденденска торта на пет ката, а домаќинките на славите да се натпреваруваат која подобро ќе ги украси колачите.

Некогаш сево ова било далеку непотребно, се ценел вкусот и трудот на жената, додека ние денес живееме во време каде сѐ повеќе го цениме изгледот на колачите и беспотребно се натпреваруваме.

Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, оревите набрани од градината и домашниот џем биле сосема доволни за да се приготви колач и истиот да ги воодушеви гостите.

Па така, јас денес одлучив да ве однесам на софрата на мојата баба. Ќе имате прилика да ги видите колачите кој се правеле тогаш, оние старинските кои ја отсликувале секоја жена како права домаќинка.

Посни колачи наречени „Пиварки“

Денес можеби малку подзаборавени, но со уникатен вкус.

Доколку би требало да ви ги опишам тогаш само би ви рекол, крцкаво тесто во кое се додава и пиво.

Исполнето со домашен џем од сливи или кајсии и по некој орев. А одозгора наросени со шеќер во прав од кој можете прсти да излижете.

go-pronajdov-stariot-dnevnik-za-gotvenje-na-mojata-baba-poglednete-koi-slatki-gi-prigotvuvala-koga-cekala-gosti-02.png

Старинска торта со ореви

Ретро торта која била главна атракција на сите веселби поради тоа што изоблувала со многу ореви.

За нејзинот вкус воопшто не треба да разговараме бидејќи е уникатен.

go-pronajdov-stariot-dnevnik-za-gotvenje-na-mojata-baba-poglednete-koi-slatki-gi-prigotvuvala-koga-cekala-gosti-03.jpg

Орасници

Сигурен сум дека секој има слушнато за овие традиционални колачи направени од многу ореви.

Ова биле колачите кои ја отсликувале особено чорбаџиската софра поради големата количина на ореви.

Оттогаш па сѐ до денес тие станаа традиционален десерт за секоја пригода.

go-pronajdov-stariot-dnevnik-za-gotvenje-na-mojata-baba-poglednete-koi-slatki-gi-prigotvuvala-koga-cekala-gosti-04.jpg

Старинска торта со вино

За љубителите на виното еве уште една ретро торта направена со помош на вино.

Мојата баба ја сечеше во форма на штангли и ја послужуваше во вид на колачи за секоја визита и слава.

go-pronajdov-stariot-dnevnik-za-gotvenje-na-mojata-baba-poglednete-koi-slatki-gi-prigotvuvala-koga-cekala-gosti-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg