Од кога скапата кожена јакна и брзината на мотоциклот кажуваат за тоа каква девојка тој треба да има?

Понекогаш се прашувам: „Што е со нас луѓето? Каде сме си го загубиле компасот, па да мора вака да скитаме во ова безредие на погрешно застапени вредности? За каква младина зборуваме кога и таа се дави во изопачените норми кои некој ги поставил?

od-koga-skapata-kozhena-jakna-i-brzinata-na-motociklot-kazhuvaat-za-toa-kakva-devojka-toj-treba-da-ima-01.jpg

Би ве прашал од кога скапата кожена јакна, брзината на мотоциклот и лошите навики на едно момче кажуваат за тоа каква девојка тој треба да има? Или пак до кога бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе биде мера за момчињата во која девојка да се заљубат?

Дали живееме во лага, со лага или пак ние сме лага? Навистина интересна ситуација која стана дел од младиот свет.

Зарем треба да се однесувам неморално за да привлечам нечие внимание? Зарем тогаш ќе бидам „најјакиот“ во вашето друштво? Или можеби уште подобро, доколку не ја испуштам чашата со алкохол од рака ќе го уживам вашиот приоритет?

Искрено, се прашувам кој го направил „ценовникот“, па вака овие вредности на друштвото да имаат толку висока цена кај одредени луѓе. Би ви побарал малку попуст во цените бидејќи не сакам баш многу да се менувам поради тоа што вас така ви текнало.

Што да ви зборувам понатаму кога младите зборуваат преку гласот на некоја карикатура. Дотолку изобличена што веќе не знае што вистински се цени кај човекот. 

Свесен сум дека девојката која седи во библиотеката ниедно момче не ја погледнува. Иако е најубавата, сепак таа е во библиотека и чита книга. Додека пак момчето кое оди со велосипед на училиште и во петок навечер си оди порано дома, сите девојки го исмејуваат несвесни дека е највоспитаниот и најпримерниот дечко од нивната околина. 

Навистина е поразително што се восхитуваме на материјалните работи, на паричникот од кој светкаат картичките или пак на брендираните патики.

За девојките стана важно да се возат во скап автомобил, додека пак момчињата сè повеќе бараат девојка која би ги издржувала.

Врската на двајца млади повеќе не се темели врз нивната љубов, туку сè повеќе е базирана врз погрешните вредности и кривите идеали. Но, ова е одраз на времето во кое живееме, одраз на несовршеноста на луѓето.

И колку ние да сакаме да ги исправиме „кривите дрини“, сепак треба повеќе да се потрудиме околу тоа. Да се потрудиме да ги извадиме „заслепените очила“ на младите, кои се восхитуваат на она добропознатото „најјакиот во друштвото“.

Треба да разбереме дека изгледот или пак одбраното друштво не го прават човекот. Да, можеби тоа е значајна алка од описот на еден човек, но што е со оние вистински вредности на човекот кој никој не ги вреднува? Неговата посветеност кон саканите, грижата, љубовта, добронамерноста и ред други работи кој човекот вистински го прават човек.

Љубовта кај младите е навистина возбудлива, но да не дозволиме таа да биде занемарена поради лошите вредности, кои имаат повисока цена кај момчињата и девојчињата за разлика од оние вистинските вредности.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg