Носталгија за едно минато време – се грижевте ли вие за ваков Тревко?
Некои го викаа Тревко, а оваа декоративна пченица беше совршен начин за децата од најмали нозе да се научат да се грижат за растенијата во домот и да станат поодговорни. И денес може да се најде да се купи вакво растение, но новите верзии имаат и чаша во која децата треба да залеваат вода.
Некои купуваа Тревко за да се грижат за него, а некои го изработуваа сами со помош на родителите.
Децата требаше со вода секој ден да ја залеваат пченицата што се наоѓа на врвот на неговата глава, а потоа имаа можност да видат како му расте зелена коса.
Секако, тие што чувале знаат колку требале да внимаваат да не истурат вода насекаде и да не направат поплава околу нивниот Тревко (особено ако тој се наоѓал на дрвената масичка покрај прозорецот или во мојот случај на стариот телевизор).
И денес во некои продавници може да се најде вакво украсно растение, и истовремено тоа може да биде одлична декорација во домот, но и можност за децата да научат од најмали нозе како да се грижат за растенијата.
Со помош на Тревко научивме како од зрното на пченицата расте растение, дека е неопходно секојдневно да водиме грижа за него и да бидеме одговорни, но и да го потстрижуваме, тогаш кога тревата ќе стане преголема.
За да го изработите сами, потребни ви се хулахопки, струготини од дрво (или пелевина), зрна пченица и копчиња за очи.
Освен како човече со голем нос и очи, некои го изработуваат и во форма на еже.
Погледнете повеќе фотографии од популарниот Тревко во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело