Емотивно писмо до сите жени кои се борат со неплодност
До мајката која се бори.
Не си сама. И јас бев таму.
Ја знам болката. Безбројни вечерни рутини, инјекции прогестерон и што уште не.
Безбројни процедури кои не функционираат одново и одново, циклус по циклус.
Полнење на корпата за отпадоци со игли.
Посакување желба, по желба.
Денови минати на кауч, затоа што си преуморна за да се движиш.
Промени во расположението и карање за работи, кои воопшто не се ниту поврзани со тоа што сакаш да го кажеш и те мачи.
Во себе врескаш, се прашуваш зошто телото не ти дозволува да забремениш.
Те гледам. Те слушам.
Те чувствувам и знам што чувствуваш.
Бев таму кај што си ти.
Велат „И ова ќе помине“,
Но, дали? Се прашуваш одново и одново.
Не можеш да го знаеш одговорот сè уште.
Само ќе мора да чекаш и да видиш што ќе се случува.
Молитва по молитва и тоа ќе се оствари.
Нов живот започнува, во тебе.
Но, двоумењето... уште останува.
Дали некогаш ќе бидам среќна и помалку анксиозна?
Дали некогаш ќе бидам задоволна од позицијата на која сум?
Учи да бидеш задоволна засега.
Фокусирај се на сегашноста, тоа е нешто што може да ти помогне во третманот.
Не си сама. Сакана си.
Еден ден ти ќе можеш да помагаш на другите кои ќе минуваат низ истото. Само гледај напред.
Би можело да ве интересира:





