Твојата вредност не се намалува само затоа што некој не е способен да види колку вредиш

„Сакав да ти покажам дека вистинската вредност се цени на вистински начин. Ако се најдеш на погрешно место и не те ценат, не им се лути. Оние што ја знаат твојата вредност се тие што те ценат. Не останувај таму каде што никој не ја гледа твојата вредност“.

tvojata-vrednost-ne-se-namaluva-samo-zatoa-shto-nekoj-ne-e-sposoben-da-vidi-kolku-vredish-01.jpg

Пред да почине, татко му рекол на својот син: „Земи го часовникот што ми го даде дедо ти. Стар е скоро 200 години. Но, пред да ти го дадам, оди во златарницата во центарот на градот. Кажи им дека сакам да го продадам и види колку ќе ти понудат за него.“

Синот отишол во златарницата и се вратил кај татка си, па рекол: „Ми понудија 150 евра, затоа што е многу стар“.

Таткото му рекол: „Оди во заложна куќа“.

Синот го однел часовникот во заложна куќа, па се вратил кај својот татко.

„Ми понудија 10 евра затоа што делува старо и истрошено“, рекол синот.

Таткото овојпат му рекол на синот да оди во музеј и таму да им го покаже часовникот.

Откако се вратил од музејот, синот му рекол на таткото: „Ми понудија 500.000 евра за ова многу ретко парче да биде дел од нивната скапоцена колекција со антиквитети“.

На ова таткото му одговорил:

„Сакав да ти покажам дека вистинската вредност се цени на вистински начин. Ако се најдеш на погрешно место и не те ценат, не им се лути. Оние што ја знаат твојата вредност се тие што те ценат. Затоа не останувај таму каде што никој не ја гледа твојата вредност“.

Заклучок: Твојата вредност не се намалува само затоа што некој не е способен да види колку вредиш.

Извор

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg