Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“

Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само затоа што ги донел на свет и што им дал покрив над глава, но таткото работи напорно за да ја заслужи нивната љубов. Таткото секогаш во прв план ги става своите деца, затоа што тие му значат сѐ на светот.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-01.jpg

Што значи да се биде вистински татко? Дали тоа што сте создале живот и плаќате за животните потреби на вашето дете ве прави добри татковци? Која е разликата меѓу биолошки родител и вистински татко?

Авторката Холи Риордан своевремено објавила еден текст на оваа тема. Што значи навистина да се биде татко?

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„Секој може да биде татко. Секој може да направи бебе. Секој може да создаде живот, но потребно е да бидете посебна личност за да можете да го обликувате тој живот.

Не си татко само ако заработуваш доволно пари за да ги платиш сметките, или затоа што твоето име е запишано во изводот од матичната книга на родените. Не си татко само затоа што си ги пренел своите гени на следната генерација.

Тие работи те прават ‘биолошки родител’, но не те прават татко.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-02.jpg

Татко е оној што останува до детето и покрај сѐ.

Тој којшто не заминува во оној миг кога работите стануваат тешки.

Тој не се откажува од себе, од своето семејство и не го напушта без да му рече: ‘Збогум’.

Не ги напушта своите деца, па да тврди дека дал сѐ од себе и дека не можел да направи нешто повеќе.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-03.jpg

Таткото се труди, дури и тогаш кога чувствува дека му е непријатно, дури и тогаш кога чувствува дека повеќе нема енергија за да продолжи понатаму.

Дава сѐ од себе, за неговото семејство да се гордее со него, затоа што знае дека без разлика дали сака или не, тој е пример за неговите деца.

Тој е пример за тоа како мажот треба да ја третира жената. Тој е пример за тоа како треба да функционираат врските. За тоа како се однесуваат возрасните.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-04.jpg

Таткото треба да им покаже на своите деца што значи почитта. Ги третира сите жени љубезно, без разлика дали е тоа касиерката во маркетот или мајката на неговите деца.

Никогаш нема да биде фатен како користи погрдни зборови за други жени.

Никогаш нема да ја крене својата рака или да удри по предметите во домот.

Никогаш нема да го загуби трпението и да ги исплаши сите.

Таткото се труди да стане најдобрата верзија од себе.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-05.jpg

Тој не лаже, не изневерува, не пие.

Не дава лош пример за своите деца за тоа како треба да изгледа љубовта и за тоа како треба да биде третирано неговото семејство.

Таткото секогаш во прв план ги става своите деца – и тоа не само во теорија, туку и практично.

Тој прави многу повеќе од тоа да оди и само да се фали со сопствените деца.

Прави повеќе од тоа што само тврди дека децата му се најдоброто нешто што му се случило.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-06.jpg

Таткото е тука за своите деца. Ги знае имињата на нивните омилени музички групи.

Го знае нивниот распоред на часови. Знае со какви проблеми се соочуваат во училиште и што планираат да прават во слободното време.

Таткото сфаќа дека неговата улога не завршува кога неговите деца ќе пораснат и кога ќе си заминат од домот. Кога ќе почнат да заработуваат свои пари и да го живеат својот живот.

sekoj-mazh-mozhe-da-napravi-dete-no-toa-ne-go-pravi-tatko-vistinskite-tatkovci-nikogash-gi-napushtaat-svoite-deca-07.jpg

Таткото никогаш не престанува да биде добар пример. Никогаш не си дозволува себеси да биде неодговорен, никогаш нема да ги изневери своите деца, затоа што нивната среќа му е поважна од сопствената.

Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само затоа што ги донел на свет и што им дал покрив над глава, но таткото работи напорно за да ја заслужи нивната љубов.

Таткото дава сѐ од себе за своите деца за се грижи за своите деца, затоа што тие му значат сѐ на светот.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg