За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам!

za-babite-shto-chuvaat-vnuci-eden-medal-kje-ve-molam-01povekje.jpg

Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте среќна жена.

Кога гледате дека таа за него би си го искорнала срцето од градите, тогаш немате ниту најмало двоумење дека на вашето малечко ќе му недостига нешто со неа.

Тогаш со насмевка одите на работа, на настани, на какви било случувања, свесни дека вашето дете е совршено згрижено.

И свесни сте дека токму од неа, во најголема мерка, со сопругот ви зависи она малку слободно време за вас во оваа нова етапа од животот.

Да се биде родител е нова улога со 24-часовно работно време и колку и да балансирате со партнерот, понекогаш ви е потребна оддишка на двајцата.

Понекогаш можеби сами сакате да појдете на кино, театар, на вечера во ресторан, чисто да излезете од рутината и да го вратите фокусот еден на друг, нешто што природно комплетно се префрли на вашето малечко, од самиот миг на неговото раѓање.

Всушност, квалитетот на животот ви зависи од тоа дали имате кому да го оставите вашето дете.

И не велам дека тоа не може да биде сестра ви или пак можеби дадилка, но некако никој не сака и не чува како баба.

Толку искрено, толку посветено, толку пожртвувано...

Кога во нејзините очите гледате дека оваа улога не само што не ѝ е тешка, иако е захтевна и одговорна, туку ѝ претставува дури и задоволство, тогаш сте уште посреќни и си симнувате голем товар од градите.

Ценете ја бабата на вашето дете затоа што некои жени ја немаат среќата да ја имаат.

Ако уште не сте остварени во улогата на родители, во вас сигурно тлее мислата дека вам не ви треба помош од никој и сè ќе можете сами, но верувајте дека не е така.

За да бидете квалитетен родител, пред сè треба да бидете релаксирани, во вас да имате убава енергија и со таква да зрачите пред вашето дете, а тоа не е возможно без никаква помош.

Колку и да сте способни и истрајни, на моменти ќе прегорите и ќе ви дојде преку глава од сè.

И не, не велам дека ќе ви дојде преку глава од вашето малечко, туку од сите тие машини за алишта кои треба да бидат пуштени, сите тие оброци кои треба да бидат приготвени и сите тие обврски кон домот кој треба да бидат завршени, а кои особено со дете ги има тооолку многу.

И затоа кажете ѝ благодарам на бабата што ја имате (а дај боже да имате и две) за сето тоа што го прави за вас и вашето семејство и за начините на кои ви го олеснува и разубавува животот.   

И што го сака вашето малечко толку, толку силно...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...
Секое враќање во Македонија ми отвора стари спомени кои со годините полека се оддалечуваат Штом ќе слетам на скопскиот аеродром и сонцето ќе ми ја огрее кожата, чувствувам...
„Од убавини да не куртулиш“ – Македонски благослови, што ги научивме од бабите и дедовците Знаете ли што се вели кога се оди на именден, кога ќе се роди ново дете во семеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg