„Од убавини да не куртулиш“ – Македонски благослови, што ги научивме од бабите и дедовците

Знаете ли што се вели кога се оди на именден, кога ќе се роди ново дете во семејството, на свадба, или пак кога некој ве понудил со јадење?

od-ubavini-da-ne-kurtulish-makedonski-blagoslovi-shto-gi-nauchivme-od-babite-i-dedovcite-01.jpg

Колку македонски благослови знаете? Нашите предци верувале дека зборовите имаат магична моќ, па слично како и со клетвите и благословите може да ја предизвикаат убавата судбина на тој што му ја посакуваме.

Верувале или не, и благословите се сметаат за народни умотворби и заземаат посебно место во нашиот јазик, а освен во народните приказни нив сме имале можност да ги слушаме од нашите повозрасни и тоа во различни пригоди.

od-ubavini-da-ne-kurtulish-makedonski-blagoslovi-shto-gi-nauchivme-od-babite-i-dedovcite-02.jpg

Иако денес се сметаат за застарени и архаични и сѐ поретко се употребуваат, сепак убаво е да знаете некои од нив и да ја одржувате традицијата.

Знаете ли што се вели кога се оди на именден, кога ќе се роди ново дете во семејството, на свадба, или пак кога некој ве понудил со јадење?

Во продолжение издвојуваме неколку чести македонски благолсови, а се чини дека низата е бесконечна и може да се продолжи до недоглед:

1. „Наздравје“ - „Фала, здравје да имаш!“ (кога некој ќе кивне)

2. „Од арно да не куртулиш!“ (кога некој ни направил некоја добрина)

3. „Годинава на венчавка, догодина на крштевка“ (кога одиме на свадба)

4. „Да си се ќердосате“ (кога им честитаме на младенците за свадба или свршувачка)

5. „Живо и здраво да ти е (детето)“ (кога ќе се роди ново дете)

6. „Голем да растеш!“ (кога на некое дете му посакуваме среќен роденден, или кога му се заблагодаруваме за нешто)

7. „Вечно да ти е името“ (кога одиме на именден)

8. „Фала, па ајде и на твоја глава“ (кога се заблагодаруваме за свадба или за рожба)

od-ubavini-da-ne-kurtulish-makedonski-blagoslovi-shto-gi-nauchivme-od-babite-i-dedovcite-03.jpg

9. „Со здравје да си го носиш – фала, поубаво да си купиш“ (кога некој ни честита за нешто што сме си купиле)

10. „Алал парите и маката, аир да си видиш“ (кога некому се заблагодаруваме за работата што ни ја завршил)

11. „Рацете да ти се позлатат!“ (кога некому се заблагодаруваме за некоја услуга или работа)

12. „Аирлија работа“ (кога гледаме како некој работи)

13. „Слатко да ти е (јадењето). Крв да ти се стори!“ (кога гледаме како некој јаде)

14. „Од убавини да не куртулиш“ (Кога некому му посакуваме среќа во животот)

15. „Господ да ви придаде!“ (Кога некому му посакуваме убав бериќет)

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg