Во светот честопати ќе сретнеме луѓе кои живеат во внатрешноста и секој ден патуваат до своето работно место во главниот град. И тоа е сосема нормално секаде, освен што е реткост во Македонија.
Менаџерското столче изгледа многу слатко е... Ајде еден двајца, пет менаџери – разбирам! Ама кога во една компанија има повеќе менаџери од работници, тогаш нешто не е во ред.
Кога сме смееле да повишиме глас на наставник? Да не станеш и да го поздравиш кога ќе влезе во училница? Некогаш образованието беше сосема поинакво и носталгични сме....
Да можам одново да живеам – би правела повеќе грешки. Не би се трудела постојано да бидам совршена, туку би била поопуштена.
Титкањето на мобилен ни беше меѓусебен знак, а ако се јавиш ти се потроши целиот кредит. Пораката беше 5 денари, но понекогаш мобилниот оператор знаеше да ни се смилува со некој пакет каде добиваш 500 пораки бесплатно. Всушност, тие ги користевме како допишување кое денес го правиме на Вибер, Инстаграм, Фејсбук.
Дрска и безобразна сестро од скопска болница, која утринава ми го расипа денот, знаеш ли што е единственото што ме теши? Тоа што ти не си правило во медицинската фела, ти си еден тажен исклучок. Претажен... А ти се обратив најљубезно и најмолбено на свет!
Дотеран маж - гарант е бизнисмен и ја изневерува жена му, 100% сите му се лепат, гледај и скап автомобил има... Ако не е дотеран, пак не чини: „Има ли бе овој жена, мајка, види го каков е неугледен, беќар ќе остане цел живот...“ Зошто судиме веднаш?
Ова е апел до нас жените, Пепелашките на 21-виот век, кои сме толку глупави, што натоваривме сè на нашите плеќи. Проблем е што на ова ни текнува само после полноќ. Кога лежиме преморени, речиси мртви во креветот.
Шабанската музика (веројатно крстена по Шабан Шаулиќ), е една од најзастапените во регионов. Бендовите се состојат најчесто од гитара, пеач, бас, тапани, синтисајзер (читај „шабанајзер“) и понекогаш некој дувачки инструмент - (смешен) приказ за тоа какви се најчесто луѓето што свират во овие бендови.
„Затоа што се скарав со мајка ми ноќта пред да почине и кога побара прегратка за смирување од мене си заминав лут...“
Баба ми често велеше: „Ако немаш ништо убаво да кажеш, подобро не кажувај ништо воопшто“. Живееме во свет каде што зборувањето во нечие отсуство стана секојдневие. Секој за секого знае сѐ, а најважно - знае точно што би направил доколку е во негова ситуација. Каков феномен.
Социјални мрежи. Апликации од кои некој црпи заработка. И тоа е за почит, на крајот од денот - бизнис си е бизнис. За сите останати треба да е забава, не завист и потреба. А каква е рeалноста?
Во нашиот македонски јазик често среќаваме зборови кои имаат две или повеќе значења. Тоа се хомоними.
Не сакам луѓе кои пазат што ќе кажат, како ќе седнат, колку гласно ќе дишат, кои промислуваат што ќе речат другите, се преиспитуваат пред да доверат нешто најобично од својот живот. Ми нема живот мене во нив, ниту ми се забавни за дружба, ниту некако ме мотивираат и инспирираат.
Општеството секогаш ќе ти ја пласира убавината, како нешто што задолжително за една жена, но искрено дали е навистина така?
Немаше човек, а да не ми рече, „Шефот е над тебе, свиткај ја главата, попушти. Ако те праша дали лета магарето, ќе речеш лета. Што ти штети тоа тебе, а и нему ќе му помине, плус ќе го придобиеш. Ќе знае дека си послушен.”
Форуми и социјални онлајн групи – Корисни совети или место за критика? Колку често имате прашања кои сакате да бидат одговорени сега и веднаш? Па наместо да се консултирате со стручно лице, користите попрактичен метод со објава на пост или тема на платформа или социјален медиум?
Сите си ги сакаме родендените, некако тоа ни е како личен празник и специјален ден за себе.