Во Македонија сите менаџери станаа, на никој не му се работи – само совети делат
Менаџерското столче изгледа многу слатко е... Ајде еден двајца, пет менаџери – разбирам! Ама кога во една компанија има повеќе менаџери од работници, тогаш нешто не е во ред.
Сите диригираат, сите наредуваат, а нема кој да сработи.
Сиротите работници, малцинство, нека се чудат како да го завршат купот работа.
„Ајде ти ова, ајде ти она... Ааа не си направил добро, јас мислам вака треба!“
„Супер што мислиш, но јас мислам дека конечно треба да ми ПОКАЖЕШ на дело како треба!
Ќе те почитувам кога ти како менаџер ќе работиш повеќе од мене, ќе знаеш да сработиш подобро од мене и со твојата работа ќе ми бидеш пример како треба и идол кој ме инспирира и сакам да го достигнам.
Ако само си седиш во столчето, си грицкаш пенкалце и наоѓаш замерки, а подобро реално од мене не знаеш да сработиш – тогаш не можам да те почитувам.
Веќе загрижувачки е бројот на фирми во кој повеќе од половина - менаџери се крстија и само кафиња си пијат и се прават паметни.
Ниту ја разбираат работата, ниту придонесуваат, само нешто филозофираат.
Станаа алергични на работа, а бонусите и платите вртоглави.
Ние обичните работници ќе си работиме за мизерна плата, ќе си слушаме трубење секојдневно и тоа од некој што не знае подобро да сработи од нас.
Во државава нешто не чини!!!
Изгледа затоа вака (не)успеси редиме на сите страни.
Дај да се вратиме како на времето, доволен е еден шеф, другите нека се фатат за работа. И секој нека си ја гледа својата работа, а не во вишокот време да малтретира народ.
Работата најдобро врви кога ситуацијата е релаксирана, работникот одлично платен и мотивиран, дадена креативна слобода, ослободен од тензија, инспириран од подобри од него.
Доста веќе диктат од пиедесталот.
Ајде најдобро платените вработени на врвот од хиерархијата конечно да покажат дека заслужено се таму, па да работат повеќе од сите останати, па да покажат како треба, па тие да бидат кормилото, а не сидрото на бродот, па работите конечно да мрднат од мртва точка.
Јас мислам време е, а вие?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело