Не труди се да бидеш убава... Труди се да си насмеана
Не труди се да бидеш убава.
Општеството секогаш ќе ти ја пласира убавината, како нешто што е задолжително за една жена, но искрено дали е навистина така?
Заборави на тоа.
Немој да бидеш убава.
Биди насмеана, забавна, посебна, интелигентна.
Постојат толку многу работи кои можеш да бидеш, освен убава.
И што е воопшто убавина?
Може да има многу различни значења.
Додека наутро поспана го фрлаш првиот поглед во огледалото на себе – убава си.
И додека ја вадиш шминката од лицето, сета размачкана – убава си.
И додека ја пиеш првата голтка утринско кафе, ослободена од тоа што мораш да бидеш.
Додека им се исмејуваш на туѓите очекувања.
Додека лежиш навечер во својата два броја поголема пижама.
Додека врескаш во себе од незадоволство.
Додека кажуваш погрешни речници.
Додека се лутиш и пркосиш.
Додека си љубоморна.
Додека се соочуваш со нељубов, кога знаеш дека некој друг таму некаде за тебе срце би дал.
Биди своја верзија на неверојатност.
Тоа е многу поважно од каква било убавина.