Како „тазе” другарка која се омажи прва и чија свадба беше жива радост за девериците (другарките, се разбира), така бев и првата која чекаше бебе. А тоа беше возбуда на која ѝ немаше крај. Во групата на Вибер постојано се чекаа слики од ултразвук, па од каде ќе купиш креветче, идеи за онлајн продавници за слатки парчиња облека, машко ли ќе биде, девојче ли ќе имаме прво во друштво и слични работи кои измамуваа безброј муабети до доцните ноќни часови…