Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Живееме напикани 5 луѓе во стан од 40м2 во Скопје, спијам во дневна - ова ли е живот?“

Дали сме разгалени доколку сакаме со нашето 4-члено семејство да живееме удобно во најмалку 80м2 стан или тоа е навистина потреба што ја наметнува генерациската разлика и различните потреби на секој член од семејството?

zhiveeme-napikani-5-lugje-vo-stan-od-40m2-vo-skopje-sekoj-den-pushtam-krevet-ova-li-e-zhivot-01.jpg

Замислете ситуација кога мајка, татко, ќерка и син живеат во гарсониера или еднособен стан од 40-50м2. Делат едно купатило, чекаат ред наутро кој прв ќе се среди за на училиште или работа, се туркаат во кујна, немаат услови за учење (ова лично го почувствував со онлајн наставата, кога детето ми почнуваше во 7:30 часот со онлајн часови, а бебето спиеше, па нормално се будеше од звукот и потоа со плачење му пречеше на братчето додека следи настава), а да не го занемариме и просторот кој им треба на децата во тинејџерските години - во мал простор немаат приватност, не можат да викнат другари на гости и да си седат сами, изолирани од родителите.

Многу е неблагодарно да се дискутира на темава во правец на „смее или не смее“ така, луѓето си знаат со колкав буџет располагаат, сигурно секој сака удобно да живее во 20м2 дневна соба, голема тераса, посебни спални за секого, но тоа со нашиот стандард и цени на недвижнини често е невозможна мисија, а не дека луѓето не сакаат комотен живот во поголем простор.

Има луѓе, најчесто парови или поединци, на кои помал стан им одговара одлично - лесно се одржува, има помали месечни режиски трошоци, помал данок на имот, тоа е идеално за нив.

Но за поголеми семејства, со 4 или повеќе членови, навистина тој простор е премал и животот се сведува на меѓусебно туркање и немање приватност.

Во мојот пример, единствената мала одвоена собичка ја прилагодивме за децата, а ние секоја вечер пред спиење го спуштаме троседот на расклопување, местиме постелнина, па наутро задолжително го собираме, пикаме постелнина и јоргани по плакари, за да има каде да се помине во текот на денот.

Што ќе биде кога ќе пораснат малку децата? Низ дневна треба да стигне во кујна ако сака да си земе нешто, а дневната е блокирана од нас, кои спиеме. Многу незгодно.

А проектантот што го смислил распоредот на становите во зградата, за да заштеди на простор максимално, вратата од тоалетот ја сместил да биде практично во дневна, па така ако ми дојдат гости, освен што едвај имаме место да се сместиме сите, уште и го слушаме оној што е во тоалет. Но, тоа е тоа, толку ни беа можностите.

Со задоволство би се преселила во 80-90м2 стан, да видам раат конечно и кога ќе ми се спие, да не мора да поминам низ „намести - собери“ процедура, туку само да се пикнам во кревет и да спијам.

Не го заборавам најважното, дека е битно со кого живееш, а не каде, ама сепак откако ни се прошири семејството, гледам дека многу било важно и каде живееме!

И не, не сметам дека сум разгалена што сакам удобно да ми растат децата, а и јас удобно да живеам!

Што мислите вие? Дали е сепак малку нехумано кон сите членови на семејството да се туткаме во толку мал простор?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg