„Дедо Мраз, сакам да ме посвои руски тајкун и една златна картичка, место златна рипка“

dedo-mraz-sakam-da-me-posvoi-ruski-tajkun-i-edna-zlatna-kartichka-mesto-zlatna-ripka-01.jpg

Како прво, оваа година Дедо Мраз те молам или да ме заобиколиш или да почнеш убаво да ми посветуваш внимание.

Сè што барав од тебе досега – не ми донесе. Ниту младоста ми ја врати, ниту ми даде малку повеќе убавина, а како што ми се чини ниту памет, па дури ни здравје.

Залудно ти пишував, сонував, мечтаев и те повикував во ноќите.

Можеби си многу стар, па не ме слушна затоа што не слушаш добро.

dedo-mraz-sakam-da-me-posvoi-ruski-tajkun-i-edna-zlatna-kartichka-mesto-zlatna-ripka-03.jpg

Мислам навистина стануваш неодговорен. Тоа што мислиш дека јас сум престара за подароци, ти е погрешен став.

Па, јас сакам подароци најмногу на свет.

Еве вака, ќе ти пишам одново што ми е потребно:

- Сакам 10 дена на Малдиви, сама, all inclusive.

- Автомобил, нов, да биде црвен, бидејќи таа боја потсетува на радост.

- Сакам чанта со 165 прегради, затоа што веќе не можам да се снајдам во хаосов на мојава. Што и да ставам во неа, магично исчезнува и се појавува дури кога не ми треба повеќе.

- Сакам Ерос Рамацоти да ми пее за Нова година.

- Сакам нов капут, видов еден, маааалку е прескап, но те молам, зима е, ми студи.

- Сакам во новата година да ме посвои некој руски тајкун, па да ми купи стан – не мора на Менхетн, може и Белград или во Скопје на Водно. Пентхаус, се разбира.

- Сакам златна картичка кога веќе немам златна рипка, па да си исполнам уште некоја желба.

dedo-mraz-sakam-da-me-posvoi-ruski-tajkun-i-edna-zlatna-kartichka-mesto-zlatna-ripka-02.jpg

И ова го пишувам при здрав разум.

Те молам, немој да полудам, па да видиш што сé можам.

- Но, Дедо Мраз не заборавај пред сé си посакувам здравје.

Извор  / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg