Вашата „здодевна“ жена некому би му била секси љубовница

jelena-spendjarska-so-spomeni-od-detstvoto-mi-fali-koga-vo-osnovno-kje-kupev-30-chestitki-za-nova-godina-za-souchenicite-01_copy.jpg

„Вашата секси љубовница можеби е нечија 'здодевна' жена, а вашата 'здодевна' жена некому можеби би му била секси љубовница“, гласи еден твит што го прочитав деновиве и не може да биде пореален, нели?

vashata-zdodevna-zhena-nekomu-bi-mu-bila-seksi-ljubovnica-02.jpg
фото: Инстаграм

Добро, да бидеме искрени ова може слободно да го ставиме и во машки род.

Дали природно ни доаѓа после одреден број години да не го цениме партнерот кој го имаме дома?

Жената која некогаш ви била „плен“, цел, поим за сексапил и сè што би сакале да имате, сега ви е тука, години наназад, на тацна.

Повеќе нема предизвик да ја освоите.

Таа е нешто веќе видено.

Плус, ја гледате во секакво издание, најчесто неуредна трчајќи да го среди хаосот во домот и да ги „уреди“ вашите деца.

Таа сега си е самата на себе во втор план, па ја гледате и во пижами на кои можеби има траги од бебешка каша или пак како коси кубе додека вашиот син тинејџер не ѝ крева на телефон во 4 часот по полноќ, по излегување со другарите.

Таа сега има обврски, грижи, преоптоварена е и повеќе не е исто безгрижна како некогаш... Како тогаш кога ја запознавте и се вљубивте во неа.

Повеќе нема време пред секоја средба со вас да стави од најубавиот парфем и да облече долна облека од тантела, како кога бевте во врска.

Го прави, но далеку од тоа дека е исто како порано.

И најважно од сè ја нема истата спонтана нота во карактерот како порано.

Сега планира оброци, прегледи, обврски, плус секој ден товар на грбот ѝ се натрупаните чинии и проблемите на вашето дете.

Ве тера да помагате дома, ве тера да бидете сериозни кон животот, ве притиска да го поделите товарот... Забавата како да исчезна, нели?

И тогаш доаѓа нечија туѓа сопруга (од друг маж запоставена, односно од својот сопруг) за вас дели комплименти како да сте буквално брат близнак на Бред Пит, па ве фали колку сте паметни, па при средбите со вас тазе ги прави ноктите во црвено и ги облекува највисоките потпетици и се смее како да сте Џим Кери во македонско издание, без ниту една отровна стреличка кон вас (онакви какви дома ви се сервираат секојдневно) и тогаш вие сте на седмо небо.

За неа сте најдобар, најпосакуван, повторно некој ве гледа како маж... Таа ви станува мевлем на раните за целата запоставеност и потребната доза на возбуда во здодевната рутина.

Но, потсетете се дека: „Вашата секси (потенцијална) љубовница можеби е нечија ‘здодевна’ жена, а вашата ‘здодевна’ жена некому сигурно би му била секси љубовница“.

Ова и обратно важи.

Тоа што дома ни е сервирано како да е помалку слатко од она во туѓиот двор, дури и кога е поквалитетно.

И што тогаш? Само разум! Одете дома и кажете ѝ/му колку го/ја цените!

И ширум отворете ги очите – дома имате дијамант, само „затријте“ со убави зборови за да светне одново.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg