Зошто сакам да се дружам со луѓе кои се поуспешни од мене?

zoshto-sakam-da-se-druzham-so-lugje-koi-se-pouspeshni-od-mene-01.jpg

Затоа што сакам да растам.

Затоа што сакам да научам нешто од нив.

Затоа што сакам да си поставам предизвик да ги стигнам, па можеби и надминам еден ден.

Затоа што сакам да ги изанализирам добро за да сфатам што имаат тие, а немам јас, дали е само поинаква стартна позиција во животот или пак интелектуален капацитет и амбициозност.

Затоа што сакам да видам што поинаку прават во секојдневието и кои се нивните начини на кои растат како личности.

Затоа што сакам да слушнам нешто поинакво, а не зборови и животи затворени во четири ѕида.

Затоа што сакам да го видам светот низ нивните очи.

Затоа што сакам да ми бидат инспирација.

Затоа што не ми будат завист, туку восхит.

Затоа што сакам да учам од нивните зборови.

Затоа што сакам да ме заразат со нивната енергија дека ништо не е невозможно.

Затоа што не сакам ментално да бидам на истата позиција како вчера.

Затоа што сакам да учам од нивните манири можеби, нивниот став кон животот можеби или од таа една карактеристика што кај нив како луѓе за мене е инспиративна.

Затоа што ми се допаѓа да сум со луѓе кои ме тераат да си ги ширам хоризонтите, да читам, да сакам да патувам, да сакам да пишувам поезија можеби, сеедно.

Затоа што не ме тераат да слушам озборувања и осуда за туѓи животи.

Затоа што не прават да се прашувам колку сум ги надраснала и колку веќе немам ништо заедничко со нив.

Затоа што не можам повеќе да разговарам со луѓе што не сонуваат и што животот го сфаќаат како една сива и тешка рутина од која нема спас.

Затоа што јас го сфаќам сосема поинаку...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg