Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наставник од Прилеп ги осуди родителите кои на Фејсбук бараат раскажани лектири за децата: „Разгалените деца се ваш одраз“

„Дали некој ја има прераскажано лектирата ‘Девојките на Марко’, a ‘Бегалка’, а ‘Злосторство и казна’“ – родителите креирале сопствени групи на социјалните мрежи каде бараат прераскажани лектири за нивните деца, а наидоа на осуда кај голем број луѓе, но и наставници.

nastavnik-od-prilep-gi-osudi-roditelite-koi-na-fejsbuk-baraat-raskazhani-lektiri-za-decata-razgalenite-deca-se-vash-odraz-01.jpg

Наставникот Гоце Бумбароски сподели повеќе фотографии од преписките во групата, па им порача на родителите:

„Вашите разгалени деца се одраз на Вас, почитувани разгалени родители.

Наместо да ги поттикнувате децата да читаат лектири, Вие им ги прераскажувате, уште полошо - барате готово прераскажани...

Почит и наклон за исклучоците, верувам дека се во многу поголем број!“

На фотографијата се гледа дека родителите освен што бараат некој да им ја прераскаже лектирата „Девојките на Марко“ од Оливера Николовска, тука се најдоа и лектирите „20.000 милји под морето“ од Жил Верн, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Втора смена“ од Велко Неделковски...

Сѐ на сѐ, родителите бараат прераскажани лектири од 4-то одделение до 4-та година средно.

Препишување лектири отсекогаш имало и ќе има... Речиси сите имаат по една приказна како некогаш „се снашле“ и „се извлекле“ на часовите по македонски јазик, но колку од вас помнат дека родителите им барале препишувани лектири или ги поттикнувале да препишуваат?

Секогаш имало некои ученици што не сакале да ги прочитаат лектирите затоа што тоа не им било приоритет во моментот и се снаоѓале на друг начин, па ќе побараат од некој повозрасен што веќе ја прочитал за да ја препишат, а ако имало филм, наместо да „трошат време“ на книгите, ќе го погледнат филмот. 

Но, тоа го правеа учениците, а не родителите... Ако наставниците те фатат дека си препишувал, тогаш се знае, родителот ќе биде повикан за да ти се укаже дека си згрешил и дека така не треба да правиш.

od-4-to-oddelenie-barАЦate-preraskazhani-lektiri-na-socijalni-mrezhi-a-potoa-se-chudite-zoshto-tie-nemaat-talent-za-izrazuvanje-03.jpg

Коментарите по објавените фотографии од споменатата група на Фејсбук се најразлични, едни целосно ги осудуваат постапките на родителите, а други пак се правдаат дека нивните деца не се талентирани за пишување и затоа мора да „им помогнат“ и да се снајдат, па проблемот го наоѓаат кај образовниот систем кој сите деца ги оценувал идентично.

Да, децата не се талентирани за пишување затоа што не им дозволувате да стекнат знаење.

Наместо од најмали нозе да седнете со нив и да им читате бајки и книги, времето го поминувате пред таблет и телефон, а потоа се чудите зошто детето нема талент да се изразува.

Не е до талентот, до недостатокот на читање е.

Кога ќе дојде време за читање лектири, секако дека е позабавно времето да го поминуваат играјќи Roblox, Minecraft и што уште не...

od-4-to-oddelenie-barate-preraskazhani-lektiri-na-socijalni-mrezhi-a-potoa-se-chudite-zoshto-tie-nemaat-talent-za-izrazuvanje-02.jpg

Наместо да му помогнете да го развива јазикот и да учи, вие го осудувате на неписменост. Затоа што лектирите немаат за цел само да ве натераат да „читате приказни“, туку треба да ви помогнат да го совладате јазикот, да стекнете поголема можност за изразување и за презентација на наученото.

Вие можете да бидете одличен математичар, но ќе се најдете во ситуација кога проблемот на којшто работите ќе треба да го појасните со зборови, а тука најголем проблем може да ви биде токму неможноста за креативно изразување.

Можете да бидете одличен информатичар, но еден ден ќе се најдете во ситуација кога ќе треба да го презентирате тоа што сте го креирале. Јазикот е основно средство за комуникација...

Така што, теоријата за различните таленти тука, барем според мене, ви паѓа во вода.

Не дека не постојат, и денес постојат родители што се обидуваат да им наметнат на децата дека треба да читаат лектири и книги, но за жал, се чини дека се во многу помал број, а децата што учат и читаат честопати се мета на потсмев и критики дека се „бубалици“, „неснаодливи“ итн.

Точно е, децата се одраз на родителите, па како ги учите децата така и ќе прават, а ако уште во 4-то одделение ги учите дека треба да земаат готови раскажани книги, затоа што некоја „будала веќе се помачила за тоа“ и дека не треба да ги засукаат ракавите за ништо, немојте да се чудите утре кога тие деца ќе очекуваат сѐ да најдат на готово и во сѐ што ќе прават да ја очекуваат вашата помош.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg